Регион
Во Хрватска над 1.000 починати од Ковид-19 од почетокот на пандемијата
Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани 2.866 нови случаи на коронавирус, а 38 лица починале, со што вкупниот број на смртни случаи од последиците на Ковид-19 се искачи на над 1.000.
Бројот на активни случаи во Хрватска денес е 17.090, од кои 1.655 пациенти се во болница, а 184 пациенти се на респиратор, објави Националниот штаб за цивилна заштита.
Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега биле заразени вкупно 81.844 лица, од кои 1.006 починале, а вкупно се опоравиле 63.748 лица, од кои 2.444 во последните 24 часа.
Во моментов има 41.615 лица во самоизолација, пренесува хрватски Индекс. До денеска се тестирани вкупно 611.357 лица, од кои 9.614 во последните 24 часа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Продолжуваат потресите во Грција по силниот земјотрес на Лезбос
Продолжуваат афтершоковите по силниот земјотрес на островот Лезбос со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала.
Според властите на островот, нема повредени. Многу жители ноќта ја минаа надвор, во автомобили и шатори, поради честите последователни потреси. Има срушени ѕидови на згради и паднати карпи на патиштата кои се затворени. Заради безбедност на пожарникарите, властите забранија спасувачка акција во ноќните часови.
Од рано утрово технички екипи ја проверуваат состојбата на јавните објекти. Училиштата ќе останат затворени додека не се потврди дека се безбедни. Според податоците на опсерваторијата во Атина, земјотресот бил на само 5 километри длабоко во морето, веднаш до островот.
Според сеизмолозите, епицентарот е познат и пред четири години е регистриран силен земјотрес.
Жителите на островот се предупредуваат да бидат крајно внимателни и да не стојат во близина на предмети кои може да паднат.
Регион
Транспаренти со крвава тупаница со среден прст во Белград
На неколку места во Белград се појавија транспаренти со натпис „Одговорот на српскиот народ на обидот за обоена револуција“, заедно со илустрација на црвена рака на која се гледа средниот прст.
Црвениот (крвав) отпечаток од раката е еден од симболите на протестите организирани во Србија по уривањето на настрешница во Нови Сад.
Но, во последните 24 часа се појави втора црвена рака – онаа со свиткани прсти.
Од Српската напредна партија на Вучиќ се уште не одговорија дали стојат зад оваа акција.
Регион
Десетици дојави за бомби во училиштата во Бугарија
Десетици пријави за подметнати експлозивни направи се пристигнати на електронската пошта на училиштата во повеќе градови во Бугарија.
Од бугарското МВР објаснуваат дека се вршат проверки.
Има извештаи за образовни институции во Стара Загора, Враца, Варна и Софија, пишува БНР.бг.
Во Софија има над 20 училишта кои добиле известувања по е-пошта за подметнати експлозивни направи. Во сите згради на воспитно-образовните институции во овој момент се вршат контроли.