Регион
Во Хрватска повеќе од 4.000 новозаболени, голем број починати

Хрватска објави 4.009 нови случаи на инфекција со коронавирус, пренесува порталот „Индекс“.
Тамошниот кризен штаб изјави дека биле тестирани 11.487 лица, а починале дури 51 лице.
Хрватските медиуми наведуваат дека е донесена конечна одлука за затворање кафулиња и ресторани. Новите строги мерки треба да стапат во сила од утре на полноќ и ќе траат до Божик.
Некои жупании, сепак, не се откажуваат од барањето да бидат изземени од оваа мерка, барем до одреден степен, но се чини дека тоа нема да им биде дозволено.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Адвокатот на лидерот на босанските Срби: Не знаеме дали ќе се жалиме, Додик немаше правично судење

Адвокатскиот тим на лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, сѐ уште не е сигурен дали тој ќе поднесе жалба на првостепената пресуда со која беше осуден на една година затвор и шестгодишна забрана за политичка активност, потврди денеска адвокатот на Додик, Горан Бубиќ.
Во првостепениот процес, судот на БиХ на 26 февруари го прогласи Додик за виновен за неприменување на одлуките на високиот претставник за БиХ, а Бубиќ рече дека одбраната сè уште не добила писмен примерок од оваа пресуда, па рокот за поднесување жалба не е ни почнат.
„Дали ќе се жалиме или не, ќе видиме откога ќе ни биде доставена копијата од пресудата“, изјави Бубиќ за „Евроњуз“ додавајќи дека сѐ уште тврди оти Додик немал правично судење бидејќи не му судел непристрасен, туку политички суд.
Веднаш по изрекувањето на пресудата, самиот Додик изјави дека не планира да се жали бидејќи и онака не го признава судот на БиХ, но додаде дека ќе им остави на адвокатите да постапат како што им одговара.
Доколку не поднесе жалба и пресудата автоматски стане правосилна или потврдена во второстепената постапка, Додик најави дека нема да го оствари правото да бара замена на затворската казна со глоба бидејќи, според законот, сѐ уште има можност да ја откупи за цена од 100 конвертибилни марки (50 евра) за секој ден или на крајот за речиси 18 илјади евра.
„Никогаш нема да дадам ниту фенинг за да ја откупам казната“, рече Додик пред пратениците во парламентот на Република Српска на денот на изрекувањето на пресудата.
Замената на затворската казна со глоба не е автоматска, туку оваа опција ја разгледува и одобрува судот на барање на осуденото лице, коj може, но не мора ја одобри таквата опција.
Меѓутоа, Додик и неговите најблиски соработници, премиерот на Република Српска (РС), Радован Вишковиќ, и претседателот на ентитетскиот парламент,. Ненад Стевандиќ, потоа се соочија со можност за ново кривично гонење, овој пат под сомнение дека сториле кривично дело загрозување на уставниот поредок на БиХ за кое се соочуваат со долги затворски казни.
Регион
Маж застрелан во парк во Белград додека кревал тегови

Полицијата во Белград трага по напаѓачот кој синоќа во парк во Вождовац го застрела 35-годишниот Милан Ф.
35-годишникот со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во ВМА. Тој се здобил со прострелна рана во пределот на бутот и е надвор од животна опасност. Тој на полицијата и рекол дека бил во теретана во паркот и кревал тегови кога му пришол маж и го застрелал.
Телеграф неофицијално дознава дека полицијата на местото на настанот пронашла чаура. Инаку, 35-годишникот веќе и е познат на полицијата. Тој тврди дека не знае кој и зошто пукал во него.
За случајот е известено Вишото јавно обвинителство во Белград.
Регион
Брнабиќ: Посетата на синот на американскиот претседател е јасна порака за почитување на Србија

Претседателката на Народното собрание на Србија, Ана Брнабиќ, денеска изјави дека посетата на синот на американскиот претседател Доналд Трамп Помладиот е силна, моќна и директна политичка порака дека тој ја почитува Србија.
Брнабиќ за телевизијата „К1“ изјави дека Трамп Јуниор покажал сосема поинаков однос кон Србија додавајќи дека таков став има и татко му, американскиот претседател Доналд Трамп.
Наведувајќи дека Србија, поради политичките случувања во земјата, е карактеризирана како нестабилна инвестициска средина од страна на инвеститор од Кина, а коментирајќи ја посетата на Трамп на Белград, Брнабиќ рече дека едно е политиката, а друго инвестициите.
„Едното е политиката, а другото се инвестициите, кои секогаш, а особено оние за висококвалификувани работни места, се крајно конзервативни. Инвеститорот не сака да чека да види што ќе се случи. Политички е сосема јасно, особено на политичките ветерани, дека е невозможно владата да биде соборена на улица“, рече Брнабиќ.
Таа додаде дека е тешко да се урне власта на улица, дури и во најнестабилните земји.
„Не верувам дека некој овде ќе може насилно да ги преземе институциите и затоа беше важна таа порака во Српското народно собрание. Што ќе правите тогаш? Мислам дека на крајот имате легитимитет, некаква изборна волја на граѓаните, некаков суверенитет што го покажуваат граѓаните, но на избори. Тешко е тоа со насилство да го преземете. Но, инвеститорите се претпазливи од каква било нестабилност“, рече таа, јави „Танјуг“.