Регион
Во Хрватска рекордни 1.131 новозаболен од коронавирус

Хрватска забележа нов рекорд – бројот на новозаболени од коронавирус во последните 24 часа е 1.131, а бројот на активни случаи е 4.233, објави Главниот штаб за борба против коронавирусот. Починало едно лице.
Хрватските медиуми прeнесуваат дека 505 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 24 се на апарати за дишење.
Од 25 февруари, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, регистрирани се вкупно 23.665 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 345 починале, вкупно 19.087 лица оздравеле, од кои 459 во последните 24 часа.
Во моментот има 17.242 лица во самоизолација.
До денес се тестирани вкупно 385.072 лица, од кои 5.693 во последните 24 часа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Во Албанија, бот-министерката одржа говор, некои пратеници ја исвиркаа

Виртуелната министерка на албанската влада, Диела, генерирана од вештачка интелигенција, вчера „одржа говор“ во парламентот, застапувајќи ја програмата на премиерот Еди Рама, среде исвиркувања од опозицијата.
Диела, која свечено беше најавена од Рама на почетокот на септември, е „одговорна“ за сите одлуки во тендерите за јавни набавки. Во тоа време, премиерот рече дека тендерите „ќе бидат 100 проценти без корупција, а секој јавен долар доставен во тендерскиот процес ќе биде целосно транспарентен“.
Именувањето на виртуелниот министер ја налути опозицијата.
„Целта е само да се привлече внимание“, рече поранешниот премиер и лидер на опозицијата Сали Бериша, кој самиот е обвинет за корупција.
„Невозможно е да се ограничи корупцијата со Диела. Кој ќе ја контролира Диела? Диела е неуставна, а Демократската партија ќе го однесе ова прашање до Уставниот суд“, предупреди Бериша.
Диела „рече“ дека Уставот зборува за должности, одговорности, транспарентност, без дискриминација.
„Ве уверувам, ги отелотворувам овие вредности подеднакво ригорозно како и секој човечки колега. Можеби дури и повеќе“, рече виртуелната министерка.
Рама го прекина говорот на Деиела поради исвиркувањата од опозицијата, но програмата на неговата влада сепак беше одобрена со 82 гласа „за“. Опозицијата го бојкотираше гласањето.
фото: принтскрин
Регион
Црв од шест сантиметри отстранет од очниот капак на пациент во БиХ

Црв од шест сантиметри е отстранет од постар пациент, а фотографијата ја објави познат доктор од Бања Лука, Бојан Козомара.
„Вака изгледа црв штотуку отстранет од очниот капак на постар пациент. Постапката ја изврши мојата драга колешка Тамара“, напиша тој на X.
Ovako izgleda crv upravo odstranjen iz kapka pacijenta starije životne dobi.
Zahvat izvršila moia draga kolegica Tamara… pic.twitter.com/6EK3CrhCE3
— Bojan Kozomara (@KozomaraBojan) September 17, 2025
Според него, црвот, најверојатно, потекнува од куче.
„Ќе го помилувате кучето кое има јајца од глисти, а потоа ќе се фатите за окото“, напиша тој во коментар објаснувајќи ја ситуацијата, објавува Nezavisne.com.
Фото: принтскрин
Регион
Татко си го прегазил малолетниот син со автомобил во градината: трагедија во БиХ

Шеснаесетмесечно момче е убиено во Брчко, БиХ, кога било прегазено од автомобил управуван од неговиот татко, потврди полицијата во тој град.
Трагедијата се случила вчера, а полицијата известила дека 30-годишен маж со иницијали Ј.Х. случајно го прегазил детето во градината на семејната куќа во населбата Церик.
„Таткото го донел детето во тешка состојба и врз него била извршена реанимација. Веднаш потоа, полициски службеници излегле на местото на настанот и ги презеле сите мерки и дејствија во нивна надлежност за да ги утврдат сите околности“, изјави портпаролката на полицијата на округот Брчко, Џевида Хукичевиќ.
„Таткото го спуштил детето за да се подготви за работа“
Агенцијата Фена денес ги објави сведоштвата на соседите кои рекле дека таткото го држел детето во раце, а потоа го оставил во градината за да се подготви за работа.
Полицијата добила пријава за трагедијата од локалната амбуланта, каде што веднаш било однесено тешко повреденото момче, но не можело да се спаси.
Соседите рекле дека го познавале Ј.Х. како вреден татко на пет деца кој се грижи за своето семејство работејќи тешка физичка работа.
Фото: принтскрин