Регион
Во Хрватска 4.080 новозаразени од коронавирус, 48 починати

Во изминатите 24 часа беа евидентирани 4.080 нови случаи, така што моментно бројот на болни (активни случаи) во Хрватска денес е 22.408. Меѓу нив, 2.240 пациенти се во болница, од кои 266 се на апарати за дишење. Во изминатите 24 часа оздравеле 3.349 лица, а тестирани се 11.091.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 119.706 лица заразени од новиот коронавирус, од кои 4.080 во изминатите 24 часа.
Закрепнале 95.698, од кои 3.349 во изминатите 24 часа. Во изминатите 24 часа починале 48 лица, досега вкупно 1.600 лица. До денес се тестирани вкупно 724.820 лица, од кои 11.091 во последните 24 часа.
Во моментот има 51.514 лица во самоизолација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.