Регион
Во Хрватска 70 нови случаи на коронавирус, петмина починати

Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 70 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2 и пет смртни случаи предизвикани од овој вирус.
Главниот штаб за цивилна заштита на Хрватска објави дека бројот на активни случаи изнесува вкупно 2.002.
Меѓу нив, 297 пациенти се во болница, од кои 24 се на апарати за дишење. Починаа пет лица.
„Од 25 февруари, кога беше регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, до денес регистрирани се вкупно 14.992 лица заразени со коронавирус, од кои 253 починаа. Вкупно се оздравени 12.737 лица, од кои 201 во последните 24 часа“, соопшти Штабот.
Во моментов има 9159 лица во самоизолација.
Заклучно со понеделникот, биле тестирани вкупно 262.132 лица, од кои 3.268 во последните 24 часа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Тројца пациенти од Кочани се примени во болница во Варна

Тројца повредени во пожарот во Кочани вчера се примени на Клиниката за изгореници при ВМА-Варна, јави Бгнес.
Тие беа пренесени во Варна со воениот авион Спартан, кој првично слета во Софија, каде што пет пациенти беа сместени во болницата Пирогов.
Бугарија се обврза на лекување на 14 повредени во пожарот во Кочани.
Во пожарот што избувна во дискотека во Кочани животот го загубија 59 лица.
Регион
Авион на српската армија со 12 повредени во пожарот во Кочани пристигна во Белград

Дванаесет пациенти повредени во пожарот во дискотека во Кочани вчера вечер се пренесени од Македонија во Белград со авион CASA C-295 на српската армија, кои ќе бидат згрижени во Воената медицинска академија и во Клиничкиот центар на Србија, јави Танјуг.
Претходно, авион со четворица лекари и четворица медицински техничари полета за Македонија за медицинска евакуација на повредените во несреќата. Двајца пациенти кои претходно биле пренесени од Македонија со воени амбулантни возила се на лекување во Воената болница Ниш и Клиничкиот центар Ниш. За да им се пружи помош на повредените, планирано е двајца лекари од ВМА (пластичен хирург и анестезиолог) и еден медицински техничар – инструмент-оператор да останат во Македонија, пренесе српски Телеграф.
Најмалку 59 лица загинаа во пожарот што избувна ноќта меѓу саботата и неделата во дискотеката „Пулс“ во Кочани.
Регион
Новак Ѓоковиќ го објави македонското знаме со црна панделка

По големата трагедија се случи во Кочани, Македонија, каде што најмалку 59 лица го загубија животот по пожар во дискотека се огласи и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ.
Тој на социјалните мрежи го објави знамето на Македонија со црна позадина, испраќајќи поддршка до семејствата на загинатите и повредените.