Регион
Во Црна Гора 161 нов случај на коронавирус

Во последните 24 часа во Црна Гора се регистрирани 161 случај на коронавирус и два смртни случаи. Тестирани се 757 лица.
Институтот за јавно здравје соопшти дека оздравеле 103 пациенти.
Вкупниот број на смртни случаи поврзани со Kовид-19 од почетокот на јуни е 114, а од почетокот на епидемијата 123.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Бугарија обезбедува превоз и сместување за семејствата на повредените во пожарот во Кочани

Бугарските дипломати обезбедуваат превоз од Македонија до Бугарија и гарантираат дека оние што ќе пристигнат ќе имаат каде да се сместат.
Амбасадата на Бугарија во Скопје, заедно со Ситуациониот центар на Министерството за надворешни работи, помага во транспортот и сместувањето на роднините и пријателите на повредените од пожарот во Кочани, Македонија, кои се пренесени во бугарските болници, јави БГНЕС.
Бугарската држава прими 14 од повредените, кои беа пренесени со воен авион „Спарта“ и шест амбулантни возила.
Бугарската амбасада во Скопје ги известила најблиските членови на семејството на лицата кои се лекуваат во Софија, Пловдив и Варна дека Бугарија е подготвена да им обезбеди превоз и сместување за потребниот период на лекување.
Регион
Вучиќ: Ќе имаме избори на 8 јуни доколку не се формира нова влада до 18 април

Српскиот претседател Александар Вучиќ вчера на владина седница изјави дека оставката на премиерот Милош Вучевиќ ќе биде констатирана на седница на Собранието во вторник или среда. Од тој момент почнува да тече рокот за формирање нова влада.
Како што рече Вучиќ на седницата, тоа значи дека 18 април е крајниот рок за формирање на влада во Србија.
„Ако сакате, а ако не, тогаш одиме на избори, каде што рокот е од 45 до 60 дена. Тоа значи дека, ако не се формира влада, изборите би биле на почетокот на јуни – 1 или 8 јуни. Пологично е 8 јуни“, рече Вучиќ.
Да потсетиме, српскиот премиер Милош Вучевиќ поднесе неотповиклива оставка на вонредна прес-конференција на крајот на јануари, што доведе до пад на целата влада. Падот на владата доаѓа во време на студентски и граѓански протести кои траат повеќе од три месеци, барајќи од властите да одговараат за несреќата во Нови Сад, кога 15 лица загинаа при уривање на настрешница на станицата.
Регион
Училиштата во Србија и неделава ќе останат затворени: „Дури и да размислувавме за враќање, по 15 март не се чувствуваме безбедни

Голем број училишта во Србија, според сите проценки, нема да бидат отворени ниту оваа недела, и покрај тоа што Владата во неколку наврати го најавуваше 17 март како „ден Д“ за продолжение на учебната година. Просветните работници велат дека по она што се случи во саботата кога беше пукано со звучен удар врз учесниците на протестот, дополнително се плашат за својата безбедност и безбедноста на своите ученици.
Своите понатамошни чекори во суспензијата ќе ги координираат со студентите чии барања ги поддржуваат.
Сите белградски средни училишта продолжуваат да ја прекинуваат наставата, а во некои од нив учениците со поддршка и логистика на своите родители физички ги блокираа зградите.
„Со исто темпо продолжуваме и оваа недела, особено по инцидентот на протестот во саботата со звучниот топ. Во тоа време, илјадници просветни работници, нашите сегашни и поранешни студенти, како и нашите сопствени деца беа на улица. И повеќе од јасно е дека сета наша безбедност беше загрозена. И да размислувавме на друг начин да се вратиме на работа, после ова не се чувствуваме безбедни, ниту ние, ниту нашите ученици“, објаснува за Нова.рс, Ана Димитријевиќ, претседател на белградскиот гимназиски форум.