Регион
Вулин по обидот за атентат врз Трамп: „Нека се подготви Вучиќ“
Потпретседателот на српската влада, Александар Вулин, по обидот за атентат врз Доналд Трамп, ги повика властите да ги зголемат безбедносните мерки за претседателот Александар Вучиќ и неговото семејство. „Со медиумски притисок се обидуваат да ги натераат да се откажат од државната заштита и да бидат уште полесни цели“, рече Вулин зборувајќи за Вучиќ и неговото семејство.
Тој потсети дека во последните неколку месеци се и обидот за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо и смртта на иранскиот претседател Ебрахим Раиси во авионска несреќа. Вулин смета дека не случајно се работи за луѓе што се залагале „за поинаков свет и мир во Украина“, пренесува „Нова.рс“.
„Нека се подготви Вучиќ и секој што има храброст да се бори за слобода. Обидот за убиство на поранешниот претседател Трамп е израз на дозволена и поттикната омраза, истата омраза што се поттикнува и слободно се изразува кон Вучиќ и Србија“, предупреди тој.
Дачиќ: Нешто слично се спроведува и во Србија
Вулин не беше единствениот претставник на српските власти што го спореди Вучиќ со Трамп. Вицепремиерот и министер за полиција, Ивица Дачиќ, изјави дека обидот за атентат врз Трамп е „тажен и трагичен доказ за последиците од кампањата на омраза, закани и дехуманизација на еден човек“.
„Нешто слично се спроведува и во Србија преку напади врз претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, и неговото семејство“, додаде тој.
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, апелира до „елитата во Србија и нивните независни медиуми“, за кои тврди дека се сè само не независни, да разберат „кои може да бидат вистинските последици од омразата што секојдневно ја промовираат“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

