Регион
Вулин: Србија покажува дека е единствената слободна земја во Европа

Србија нема да стане дел од колективната антируска хистерија, изјави министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичкото движење, Александар Вулин, додавајќи дека веќе е седми ден во кој Србија покажува дека е единствената слободна земја во Европа.
„Слободна земја предводена од слободен човек. Не застанавме во став мирно да ја слушаме наредбата на НАТО, не воведовме санкции кон Русија. Нема да одземаме имот од Руската Федерација, нема да ги избркаме руските деца од училиштата и Русите од рестораните, нема да забраниме ниту еден руски медиум“, рече Вулин, а објави Социјалистичкото движење.
Коментирајќи го притисокот врз Србија и нејзиниот претседател Александар Вучиќ поради невоведувањето санкции кон Русија, Вулин посочи дека Србија нема да стане дел од колективната антируска хистерија и додаде дека Вучиќ е последниот слободен лидер кој помалку се грижи за својот живот, а повеќе се грижи за печатот што ќе го остави во историјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Силен земјотрес во близина на Крит: ги вознемири жителите на островот

Силен земјотрес денес го погоди подрачјето во близина на брегот на Крит.
Епицентарот на земјотресот се наоѓа 31 километар источно-североисточно од Закрос на овој остров, објавува грчкиот „Прототема“.
Земјотресот се случил во 20:46 часот по грчко време, а сеизмичкиот потрес имал јачина од 5 степени според Рихтеровата скала, според Геодинамичкиот институт.
Длабочината на која се наоѓал епицентарот на земјотресот била 7,8 километри, објавуваат медиумите.
Регион
(Видео) Невреме во Србија: превртен камион, откорнати дрвја, поплавени улици

Силно невреме, проследено со јак ветер и дожд, денес зафати делови од Србија.
Само во Белград, ветерот собори дрвја и гранки на повеќе од 50 локации.
На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа од паднати дрвја и скршени гранки.
Силниот ветер што дуваше во Нови Сад собори дрво.
Силен ветер дуваше и во Белград, а повремено имаше врнежи проследени со грмотевици.
Силна бура го погоди и Зрењанин.
Ветрот кршеше гранки од дрвјата, а поради дождот, водата остана на патиштата.
Налети на ветер превртеа камион кај Зрењанин, според написите во медиумите од регионот.
Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролетни, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.