Регион
Вучевиќ: Оние што сакаат отцепување на Војводина протестите ги гледаат како можност за своите планови

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска изјави дека брановите протести се можност опозицијата, која сака отцепување на Војводина, да ги стави на маса ваквите планови додавајќи дека предводници на тоа се Горан Јешиќ и Динко Грухоњиќ.
Вучевиќ за ТВ „Пинк“ изјави дека ова прашање не се појавило одеднаш и дека оние што сонуваат за тоа и политички се борат за такво сценарио виделе можност по трагедијата од 1 ноември минатата година.
„Брановите протести се можност да ги донесат овие проекти на маса. Тоа нема никаква врска со трагедијата“.
Вучевиќ рече дека СНС е можеби за нијанса поблиску до излегување на избори отколку до формирање нова влада.
„Ќе донесеме одлука за десет дена, две недели. И двете опции имаат предности, нема да речам недостатоци, но и одредени предизвици. Можеби сме за нијанса поблиску до одење на избори отколку до нова влада, но тоа не значи дека тоа е конечната одлука. Имаме и круг на консултации во рамките на СНС и со коалициските партнери. Некои од коалициските партнери веќе се изјаснија дека се за новата влада. Тие мислат дека треба да избереме нова влада“, рече Вучевиќ.
Како што истакна, ќе ги разгледаат сите аспекти.
„Ќе разгледаме што носат двете опции – што носат нови избори или што носи изборот на нова влада. Нема да се водиме од партиски интереси. Тоа го покажавме со овој чин на оставка. Но, кој е интересот на Србија, на граѓаните на Србија, што може да не доведе до смирување, да речеме, на тензиите во општеството или барање социјален дијалог“, рече Вучевиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Уште еден силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во четврток, 5 јуни, во 07:18 часот во Егејското Море, Грција.
Земјотресот беше регистриран на 30 километри од Мирина.
#Earthquake (#σεισμός) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.6 || 30 km NW of #Mýrina (#Greece) || 3 min ago (local time 08:18:38). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/4qdLSErCCL
— EMSC (@LastQuake) June 5, 2025
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 11 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
Регион
Србинка извлечена мртва од морето во Грција, наредена обдукција: детали за ужасот на Халкидик

Седумдесет и тригодишна жена од Србија била извлечена во несвест од морето на полуостровот Касандра во Грција и однесена во болница, каде што била прогласена за мртва, објавија грчките медиуми.
Сè се случило во градот Сивири на Халкидик, популарно одморалиште кај туристите од регионот.
Таа беше извлечена од морето во средата попладне.
Веднаш беше известена Пристанишната управа на Неа Мудања, а 73-годишната жена беше пренесена со амбулантно возило на ЕКАБ во Здравствениот центар во Касандра, каде што беше констатирана смрт.
Вториот оддел на пристаништето Неа Мудања, при Централната пристанишна управа на Солун, која ја спроведува прелиминарната истрага, нареди обдукција во Службата за судска медицина во Солун.
Регион
Тело на Србинка извлечено од морето во Грција

Седумдесет и тригодишна Србинка е пронајдена мртва во морето крај брегот на Касандра, Грција, пренесе српски Телеграф.
Таа е пронајдена во несвест во морето крај брегот на Касандра на Халкидики во среда околу пладне и со брза помош е пренесена во Здравствениот центар во Касандра, каде што е констатирана смрт.
Според информациите, истрагата е во тек, а ќе биде извршена и обдукција, јавува грчката агенција АНА.