Регион
Вучиќ: Ако се договориме со Приштина -добро, ако не се договориме – пак добро

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека би сакал проблемот со Косово да се реши ,,еднаш засекогаш”, но констатираше дека решението е далеку и дека според неговите прогнози, Белград нема да добие ништо во преговорите со Приштина.
,,Ако не ни дадат ништо, што да правиме…Јас ако смеам да прогнозирам – така и ќе биде”, изјави Вучиќ. Тој вели дека е важно е да се бори за рационално и реално решение за Косово кое ќе овозможи да бидат прифатени интересите на Србија.
,,Ако можеме да се договориме добро, ако не – пак добро”, вели Вучиќ.
Додаде дека поради таквата ситуација ќе бидат среќни неговите политички противници, бидејќи во спротивно би биле ,,несреќни ако Србија добие нешто значајно”.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.