Регион
Вучиќ: Итно купуваме дронови „камикаѕи“

Србија ќе го потпише првиот договор со Обединетите Арапски Емирати за купување самоубиствени дронови во следните 48 часа, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Абу Даби, каде што присуствува на меѓународниот саем за оружје и воена опрема.
Тој изјави дека очекува брза испорака на беспилотни летала од ОАЕ, без да ги наведе бројот и количината.
Се надевам дека во следните пет-шест месеци ќе можеме да ги имаме првите самоубиствени беспилотни летала во Вооружените сили на Србија (САФ), истакна Вучиќ наведувајќи дека процесот за воведување ново оружје е комплициран, а процедурите долги.
Вучиќ оцени и дека во контекст на руско-украинскиот конфликт и политичката ситуација на меѓународната сцена, Србија се соочува со дополнителни предизвици, кои ќе ја отежнат нејзината позиција на „политичка, воена и во секоја друга смисла“.
„Очекувам дека за еден ден, два или три, ќе видиме големи промени на бојното поле (во Украина) и значителни промени во понатамошното политичко дејствување кон Србија како од западната страна така и од другите меѓународни фактори“, рече Вучиќ.
Тој ја повтори вчерашната оценка и на првиот ден од саемот во Абу Даби дека има исклучително голема побарувачка за оружје, воена опрема, особено муниција, и дека воената индустрија на Србија може да продава сè што ќе произведе 20 години однапред.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Еколошка катастрофа – нафта истече во Јадранското Море

Големи количини гориво истекоа во Јадранското Море на островот Хвар во Хрватска. Неофицијално, инцидентот се случил кога пукнал резервоар на танк на бензинската пумпа ИНА, објави „Далмација данас“.
Полицијата е на терен и се истражува како се случил инцидентот.
„Утрово, околу 9.30 часот, е примена информација дека во градот Хвар, заливот Крижна Лука, имало загадување со нафта во морето. Припадници на Полициската станица Хвар и Поморската полициска станица, пожарникари, Хрватската крајбрежна стража и припадници на Капетанијата на пристаништата се на местото на настанот. Покрај спроведувањето на постапката за санирање на штетите, ќе се спроведе и постапка за утврдување на сите факти и околности на настанот“, соопшти сплитската полиција.
Регион
Вучиќ оди во Русија на прославата на Денот на победата, ќе се сретне со Путин

Српскиот претседател Александар Вучиќ потврди дека на 9 мај ќе отпатува за Москва, каде ќе присуствува на парадата за Денот на победата и ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, јавува Анадолија.
При гостувањето на ТВ Пинк, Вучиќ изјави дека „со гордост ќе ја претставува Србија“ на обележувањето на 80-годишнината од крајот на Втората светска војна.
„Пред осум месеци реков дека ќе одам во Москва. Ќе одам во Москва“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека најверојатно сам ќе отпатува во руската престолнина и дека поради тоа „ќе ги прими сите удари на светот, и однадвор и од внатре“.
„Не сакам владата на Ѓуро Мацут да ја плати цената. Сакам тој да има можност правилно да соработува со Европската унија и никој да не го обвинува за ништо. Тешко дека армијата ќе оди, бидејќи би била изложена на притисоци и санкции“, рече Вучиќ.
Тој најави дека со рускиот претседател ќе разговара за новиот гасен аранжман, како и за иднината на Нафтената индустрија на Србија (НИС), која е загрозена од американските санкции поради рускиот сопственички удел.
„Мораме да го потпишеме договорот за гас до 30 мај. Мора да го решиме прашањето за нафтената компанија. Мора да разговараме и за сите други теми“, рече Вучиќ.
Тој ја најави и посетата на еврокомесарката за проширување Марта Кос на Белград на крајот на април и изрази надеж дека ќе има можност да разговара со претставници на Републиканската партија и американското раководство пред да замине за Москва.
Регион
Се запали градинка во Загреб – пожaрот избил од клима уредот

Пожар изби попладнево во градинка во Загреб.
Според информациите на хрватските медиуми, причина за избувнување на пожарот е палење на клима уредот.
Првата личност која се обидела да се справи со огнот била жена која го гаснела со ПП апарат. Во меѓувреме сите деца навреме го напуштиле објектот и биле испратени на безбедно.
Пожарот се проширил низ една од просториите, а неговото натамошно ширење го спречиле загрепските пожарникари, кои дојавата за пожарот ја добиле околу 16:55 часот.
Допрва ќе се утврдуваат околностите под кои избил пожарот во градинката.