Контакт

Регион

Вучиќ и Курти во Брисел за формирање на заедницата на српските општини во Косово

Објавено пред

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, и косовскиот премиер, Албин Курти, денеска, во Брисел, ќе имаат одвоени средби на кои ќе разговараат со европските претставници што посредуваат во дијалогот меѓу Белград и Приштина.

dobivaj vesti na viber

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Белград изјави дека денеска во Брисел ќе разговара со лидерите на ЕУ, Германија, Франција и Италија за предлогот на големата петорка за формирање на заедницата на српските општини и изрази надеж дека средбата ќе помине во добра атмосфера.

„Петорката даде предлог за начинот на формирање на ЗСО, дадовме одговори и предлози, но деталите не можам да ги откријам. Подготвени сме да разговараме за тоа, тропаат на отворена врата кога е во прашање Белград“, изјави Вучиќ за Радио-телевизија Србија.

Вучиќ рече дека во Брисел, на маргините на самитот на Европската Унија, ќе има средба со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак, и со лидерите на Франција, Германија и на Италија, Емануел Макрон, Олаф Шолц и Џорџа Мелони.

Тој изјави дека ќе биде единствениот претставник на српската страна и додаде дека претпоставува оти со овие лидери ќе се сретне и премиерот на Косово, Албин Курти, но дека тоа не може да го потврди.

Вучиќ рече дека, покрај ЗСО, има и други теми што се однесуваат на она што на Србија ѝ се става на товар – од царински печати до таблички, енергија и многу други работи.

„Се надевам дека средбата ќе се одржи во атмосфера на компромис и создавање можности за надеж и иднина и за опстанок на српскиот народ во Косово“, рече тој.

Вучиќ додаде дека Курти рекол оти го прифатил планот на големата петорка, кој вклучува формирање на ЗСО, како основа.

Регион

Земјотрес ја погоди Хрватска, се стресе кај Петриња: „Не разбуди, куќата ми се стресе кратко и силно“

Објавено пред

Послаб земјотрес со јачина од 1,7 степени според Рихтеровата скала е почувствуван  во 4 часот и 35 минути во Хрватска.

dobivaj vesti na viber

Епицентарот на земјотресот бил на 31 километар од Загреб и 20 километри од Велика Горица на длабочина од осум километри.

Според сведоштвата на граѓаните, земјотресот бил почувствуван на подрачјето на Петриња и Сисак, пишува 24сата.хр.

„Куќата ми се затресе силно и кратко, како гром. Повторно се будам со познатиот звук и „чкрипењето“ на куќата“, напиша сведок од Петриња на веб-страницата на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

„Тежок тресок, гадно будење“, „Истовремен татнеж и тресок“, „Ова беше за будење. Кратко траеше. Како да е под куќата“, „Звук и краток силен удар“, пишуваат сведоци.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) „Немаме претензии кон Грција“ – Рама на собир со дијаспората во Атина откако доби дозвола од Мицотакис

Објавено пред

Албанскиот премиер Еди Рама е во Грција, каде на собир одржан во Атина рече дека односите меѓу двете земји не можат „да се удават во лажица вода што ја носи секојдневната политика“, и дека Албанија нема претензии кон Грција.

dobivaj vesti na viber

Рама претходно доби дозвола од грчките власти за да одржи собир со албанските граѓани. Грчката опозиција се спротивстави на посетата на албанскиот премиер, но Рама на крајот доби дозвола од премиерот Киријакос Мицотакис кој искоментира дека посетата е непотребна, пишува „Еуроњуз“.

„Мислам дека темата доби малку повеќе публицитет отколку што навистина заслужува. Ако ме прашувате дали времето на оваа посета, неколку недели пред европските избори и со отворените прашања за грчкото национално малцинство во Албанија, е вистинскиот, ќе ви кажам дека не е баш најсоодветното време. Но, како и да е, да не му даваме и поголема важност“, рече Мицотакис.

Рама на средбата со Албанците во Атина истакна дека тие станале гордост на Албанија во тој дел од Европа.

„Вие сте најголемиот, најсилниот, најубавиот доказ за оваа поврзаност со милиони нераскинливи нишки на два народа“, рече Рама.

Тој изјави дека на грчките граѓани во Албанија не им е ускратено правото да гласаат поради нивното етничко потекло.

„Ниту еден ваш проблем не се разликува од било кој проблем на граѓаните на Албанија. Во ниту еден случај албанската држава на етничките Грци не им го ускрати правото на вера, јазик или имот. Никогаш не им беше ускратено правото на глас поради нивното потекло“, продолжи тој.

Рама истакна дека политиката мора да знае дека судбините на Албанија и Грција се неразделни. Тој ги повика Грците да дојдат во Албанија не само на одмор, туку и да инвестираат.

„Грците беа, се и ќе бидат добредојдени во Албанија не само да се одморат туку и да работат, да отвораат продавници, да основаат фирми, да отвораат инвестициски линии за да имаат корист од многу помал даночен режим отколку во Грција. Албанија е толку добредојдена за Грците што не им прави никакви проблеми“, рече Рама.

Тој додаде дека Албанија нема претензии кон Грција.

„Албанија нема претензии кон Грција, освен меѓусебно почитување, взаемна грижа за сонародниците кои живеат во нашите две земји, меѓусебни односи на пријателство и добрососедство. И не само тоа, Албанија ја гледа Грција како природен стратешки партнер, било за прашања кои треба да се решат меѓу нас или за големите предизвици на оваа нова ера, можности, но и закани за Балканот, Европа и демократскиот свет. Ги гледаме како причина да се зближиме и подобро да се запознаеме“, рече Рама и најави дека ќе се формира Албанско-грчка стопанска комора.

Прикажи повеќе...

Регион

Чамец со туристи потона во Бледското езеро во Словенија

Објавено пред

На езерото Блед во Словенија, кое секоја година го посетуваат голем број посетители од просторот на поранешна Југославија и околните земји, вчера за малку ќе се случеше трагедија кога, според словенечките медиуми, потона чамец со четворица туристи.

dobivaj vesti na viber

За среќа, тие биле спасени од смрт со брзата реакција на пожарникарите и нуркачите.

„Во 11 часот и 20 минути потона туристички чамец со четворица туристи на Бледското езеро кај вилата Златорог во Блед“, соопшти полицијата на Горење, а јави познатиот словенечки портал siol.net.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет34 минути

Путин го смени долгогодишниот министер за обрана Сергеј Шојгу со малку познат политичар Андреј Белоусов чија специјалност се економски прашања

Рускиот претседател Владимир Путин предложи нов министер за одбрана на функцијата која од 2012 година ја извршуваше Сергеј Шојгу. Кремљ...

Свет45 минути

Пукање за време на прослава во Алабама во толпа од околу 1.000 луѓе, тројца убиени и 15 ранети

Три лица загинаа, а 15 се ранети откако маж отвори оган врз толпа од околу 1.000 луѓе за време на...

Свет49 минути

Северна Кореја: Сојузниците на САД да го прекинат надзорот врз нас

Северна Кореја го осуди надзорот на земјата, наводно извршен од земјите сојузници на САД под изговор дека го следат спроведувањето...

Свет56 минути

Руско Министерство за одбрана: Соборени 16 украински проектили и 31 беспилотно летало

Руската воздушна одбрана уништи четири украински крстосувачки ракети „Олуја сенка“ над Крим и 12 ракети „Оља“ над Белгородската област, соопшти...

Свет58 минути

Убедлива победа на актуелниот претседател на Литванија во првиот круг од изборите

Литванската Централна изборна комисија соопшти дека на вчерашните претседателски избори актуелниот претседател Гитанас Науседа освоил убедливо најмногу гласови, односно 44,54...

Свет1 час

Најмалку 37 лица загинаа во поплавите Индонезија, 17 се водат како исчезнати

Најмалку 37 лица загинаа, а 17 се водат како исчезнати во поплавите и свлечиштата што минатиот викенд погодија три области...

Македонија13 часа

ДУИ велат дека Силјановска го прекршила Уставот, за „Влен“ тоа што заклетвата е потпишана со уставното име значи дека ја прифатила реалноста

Шефот на пратеничката група на ДУИ Арбер Адеми рече дека претседателката, Гордана Силјановска Давкова, го прекршила Уставот при положувањето на...

Македонија16 часа

Пендаровски и’ посака успех на Силјановска-Давкова

Досегашниот претседател Стево Пендаровски ѝ честита на претседателката Гордана Силјановска Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех...

Македонија17 часа

Грчкото МНР реагира на заклетвата на Силјановска: „Европскиот курс зависи од употребата на уставното име“

Грчкото Министерство за надворешни работи упати реакција по денешна заклетва во Собранието на новоизбраната претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова. Од...

Топ17 часа

Две тинејџерки во Скопје тепале соученичка, а уште две снимале – таткото на нападнaтото девојче има видео

Насилство во близина на средно училиште во Центар. Две тинејџерки тепале соученичка, а уште две снимале со мобилен телефон. Ова...

Македонија18 часа

(Видео) Заклетвата на Силјановска-Давкова во која не употрeби „Северна“

Гордана Силјановска-Давкова денес положи заклетва во Собранието за претседател на државата без да употреби Северна Македонија, по што грчката амбасадорка...

Македонија19 часа

„Имало директива од грчкото МНР“, пишува грчкиот весник „Катимерини“ за протестот на амбасадорката по заклетвата на Силјановска

Амбасадорката на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду, која беше поканета на седницата на Собранието за положување заклетва на Гордана...

Македонија20 часа

Силјановска-Давкова пред пратениците: Време е за единство, ќе бидам претседателка и на левите и на десните

Силјановска Давкова претпаднево во Собранието даде свечена заклетва дека дека функцијата ќе ја извршува совесно и одговорно, дека ќе ги...

Забава21 час

(Видео) Koj е Немо – победникот на Евровизија

Благодарение на гласовите од жири комисијата Немо од Шварцарија победи на изборот за песна на Евровизија со песната „Код“. Немо...

Свет22 часа

Свиркач од „Боинг“: Беше прашање на време кога ќе се случи нешто лошо, знаеа за дефектите, но чуваа во тајност

Сантијаго Паредес, свиркач од авиокомпанијата „Боинг“ каде што работеше како менаџер за квалитет, рече дека „прашање на време било кога...

Свет1 ден

Шолц го предупреди Израел да не дејствува во Рафа

Германскиот канцелар Олаф Шолц го предупреди Израел да не ја шири својата воена операција во Појасот Газа со офанзива против...

Забава1 ден

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Швајцарскиот претставник Немо со песната „The Code“ освои 591 поен, најмногу поради гласовите на жирито. На второто место е Хрватска...

Македонија1 ден

Денес свечено примопредавање на претседателската функција

Во Кабинетот на претседателот денес ќе се одржи официјална церемонија на примопредавање на функцијата Претседател со највисоки државни и воени...

Македонија1 ден

Сончево време, попладне со зголемена облачност и температура до 26 степени

Времето претпладне ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност со краткотраен пороен дожд и услови...

Забава1 ден

(Видео) Грузија со песна на Дарко Димитров настапи во финалето на Евровизија

Македонскиот композитор Дарко Димитров е автор на песната Firefighter, со којашто Грузија вечерва настапи во евровизиското финале. Земјата успеа да...