Регион
Вучиќ: Косовската криза не може да се реши без САД и Русија

Косовската криза не може да се реши без напорите што ги преземаат САД, Русија и другите меѓународни сили, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за РТС.
„Ќе ми биде драго ако воспоставиме траен мир со Албанците, тоа ќе биде важно за иднината на Србија и за нашите граѓани. Без Американците, Русите и другите светски сили, многу е тешко да се најде решение за косовското прашање“, рече Вучиќ.
Во меѓувреме, Вучиќ истакна дека разговорите не можат да донесат плод ако некоја страна во дијалогот бара безусловно признавање на неговата независност во рамките на сегашните граници.
„Ова Косово е важен дел во кој живее нашиот народ и ние треба да се грижиме за нив, за нивната безбедност, за нивната иднина и за борба за нивниот опстанок”, рече српскиот претседател, одговарајќи на прашањето што значи Косово за него лично.
Српската автономна територија Косово и Метохија еднострано прогласи независност во февруари 2008 година. Меѓународниот суд на ОН призна неговата независност во 2010 година. Во моментов, Република Косово, според Србија, е признаено од 99 земји. Приштина тврди дека има 117 такви земји. Повеќе од 60 земји, меѓу кои и Русија, Грција, Израел, Индија, Шпанија и Кина, се против признавањето на Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.