Регион
Вучиќ му додели државно признание на актерот Џони Деп

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска додели повеќе одликувања на заслужни поединци и организации, по повод празникот Ден на државноста.
Тој на свечената церемонија кажа дека Србија е бастион на слободата и независноста и гарант на стабилноста во регионот, со желба за добар живот со соседите.
Меѓу добитниците на највисоките признанија се политичари од БиХ и Црна Гора, Жељка Цвијановиќ, претседателката на Република Српска и Милан Кнежевиќ, пратеник во Собранието на Црна Гора, потоа Зоран Јанковиќ, градоначалник на Љубљана, а орден доби и манастирот Св. Прохор Пчињски.
Златен медал за заслуги доби и холивудскиот актер Џони Деп кој изјави дека ќе остане доследен и ќе направи сè што е во негова моќ медалот да биде приказ на неговата обврска кон Србија.
Познатиот актер претходно бил во Белград во октомври минатата година кога го промовирал анимираниот серијал Puffins Impossible, направен во Србија со поддршка на српското министерство за култура, а креиран во студиото за продукција на анимирани содржини Iervolino Studios (IES).
View this post on Instagram
Тој тогаш бил во друштво на претседателот на Србија, но и српската актерска ѕвезда Милош Биковиќ. Вучиќ тогаш ветил дека на Денот на државноста ќе му додели одликување на Деп.
„Почестен сум од одлуката да бидам одликуван со орден за заслуги. Ќе ми биде голема чест да дојдам во Србија на 15 февруари и да присуствувам на свечената церемонија“, рекол тогаш Деп.
„Ќе продолжам да работам на промоција на вашата прекрасна земја“, додал тој.
Потоа во официјално соопштение било наведено дека актерот ќе добие одликување од Вучиќ во знак на благодарност за почитта што ја покажува кон Србија и за бројните проекти кои вработуваат голем број млади луѓе.
Инаку, околу Палатата Србија во Белград каде денеска се одвиваше свечената церемонија, паралелно се одржуваа демонстрации од еколошки организации кои бараат трајна забрана за ископување на рудите бор и литиум.
На протестот се случи и посериозен инцидент, кога автомобил удри во едно млад човек, носејќи го десетици метри на хаубата. Според тековните информации, повредениот поминал со полесни повреди, а од полицијата соопштиле дека возачот е пронајден и уапсен.
Околу зградата беа распоредени голем број полицајци кои ги спречија граѓаните да се приближат до објектот, а демонстрантите во неколку наврати се обидоа да го пробијат полицискиот
кордон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Соња (57) и Марко (69) станаа родители, коментарите за нивната возраст не ги загрижуваат оти го живеат сонот

Екипа на „Проверено“ во Црна Гора ги посети Соња (57) и Марко Миротиќ (69) и нивното 5 и пол месечно девојче со симболично име Богдана.
Родителите достигнаа значителна возраст, што предизвика бројни реакции низ целиот регион, но не се грижат за тоа. Соња и Марко стојат зад осум спонтани абортуси, две процедури за инсеминација, години борба со неплодност, неуспеси, разочарувања.
„Ние сме исполнети како родители, нашите срца се полни. Ова е чудно чувство, задоволство. Сега би плачела, но нема да плачам. Цел живот сонував за ова“, открила гордата мајка за Проверено. Кога влегла во менопауза на 50 години, мислела дека тоа е крајот на нејзините соништа.
Сепак, тие успеале да го остварат својот сон благодарение на 24-годишен донор на јајце клетки, на приватна клиника во Македонија. За донорот, во видеото велат го знаат само основниот податок, дека не е од Црна Гора.
Со оглед на тоа што Соња се опоравува, Марко го презел поголемиот дел од грижата за малото девојче. Често му велат дека „Богдана изгледа исто како неговиот дедо“. „Потоа им велам – јас не сум нејзин дедо, јас сум нејзин татко. Па се засрамуваат“, се шегува Марко.
Тие имаат уште две замрзнати јајце клетки, но не планираат да имаат друго дете, иако би сакале.
„Доволно сме возрасни, би било убаво, но не сум сигурна дека би можела да издржам“, искрено рекла Соња.
Регион
Трагедија на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград: маж почина штом слета од Тунис

Вистинска драма се одвивала синоќа, еден час по полноќ, на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, кога на патникот Н. Л. (64) му се слошило штом неговиот авион слетал од Тунис.
Според информациите објавени од „Блиц“, лекарите на аеродромот „Никола Тесла“ веднаш му укажале помош, но човекот не можел да се спаси.
Неговата сопруга била до него цело време. Таа, неофицијално, изјавила дека на нејзиниот сопруг му се слошило штом излегол од авионот. Лекарите итно реагирале, но и покрај нивните напори, немало начин да се спаси.
За случајот било известено Вишото јавно обвинителство, кое нареди обдукција на телото на мажот, објавија српските медиуми.
Регион
Фон дер Лајен: Иднината на Западен Балкан е во Европската Унија

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека само обединета Европа може да биде независна Европа, дека поголема и посилна Унија е гаранција за безбедноста на сите и дека иднината на Западен Балкан, Украина и на Молдавија е во ЕУ.
Во својот годишен говор до нацијата пред Европскиот парламент таа повика на следно обединување на Европа.
„Кога зборуваме за независност, зборуваме за избор на нашата судбина. Тоа е она за што се бори Украина. И тоа е она што го заслужуваат сите Европејци. Бидејќи Европа е идеја – идејата за слобода и заемна сила. Тоа беше идејата што ја водеше генерацијата по 1989 година кога Истокот и Западот се обединија. Сега е исто толку моќна како што беше и тогаш. Затоа ги доближуваме идните земји членки до нашата Унија. Треба да го одржиме темпото на овој процес базиран на заслуги“, рече Фон дер Лајен, пренесува „Танјуг“.
Фото: принтскрин