Регион
Вучиќ: Сит сум од игрите на ЕУ
Не беше фер Србија во Брисел да очекува дека ќе добие отворање на нов кластер, кога Северна Македонија 17 години има статус на кандидат за членство со ЕУ, а Албанија осум години, а и двете не добија датум за почеток на преговори, па затоа наше беше да покажеме солидарност и со братскиот македонски народ и пријателскиот албански народ, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ, одговарајќи на новинарско прашање за тоа какова порака праќа Брисел со доделувањето кандидатски статус на Украина и Молдавија, а Западниот Балкан не бил суштинска тема.
„Сит сум од тие игри на ЕУ и игрите на луѓето од регионот секогаш гледајќи како да се оцрниме едни со други, за да овие можат да се играат со нас како марионети. Затоа „Отворен Балкан“ е многу важен и затоа така страсно, иако имав благ и балансиран речник, ги подржав нашите браќа и пријатели, кои имаа големи очекувања, а не беа исполнети. Говорам пред се за Македонците, кои чекаа одобрување од бугарскиот Парламент, но не и одобрување кое ќе значи дека мораат повторно да го менуваат Уставот или не знам што се, што е секако на нив да се договорат“, изјави Вучиќ.
Како што нагласи тој, на Самитот во Брисел, Западниот Балкан не бил суштинска тема, туку главна тема била Украина.
Околу обидите за менување на преговарачката рамка на ЕУ за Србија околу признавањето на Косово, Вучиќ оцени дека земјата има веќе утврдена преговарачка рамка која не може да се менува.
Вучиќ изрази надеж дека во декември Србија ќе може да отвори нов кластер и во рамките на тоа ја спомна иницијативата на францускиот претседател Емануел Макрон за Европска политичка заедница, што, според него, би значело можност за поголемо присуство на разговорите, во кои би можеле да го чујат Белград, а со отворањето на кластерите земјата ќе може да смета на поголеми износи на пари преку европските фондови и во изградбата на политики во поедини области.
Вучиќ рече дека позицијата на Србија е многу тешка околу воведувањето санкции кон Москва, бидејќи ЕУ веќе ја избрала страната во руско-украинскиот воен конфликт и повеќето земји се во војна со Русија и праќаат огромни количества оружје за Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

