Регион
Вучиќ тврди дека го прислушуваат 24 години

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека бил прислушуван речиси 24 години, со одредени паузи, на разни начини и со користење разни методи.
„За разлика од вас, ние не ве прислушуваме“, ѝ порача Вучиќ на опозицијата, која тврди дека власта ги слуша нивните разговори.
Претседателот рече дека 24 години бил прислушуван. Тој изнесе документација, која, како што изјави, се однесува на прислушувањето кон него и кон лицата со кои имал комуникација заклучно со 2004 година.
Министерот за внатешни работи, Небојша Стефановиќ, неодамна изјави дека Вучиќ бил прислушуван постојано од 1995 до 2000 година, понекогаш без никаква судска наредба и мерка, која на кој било начин е законски заснована.
Од друга страна, поранешниот српски претседател, Борислав Тадиќ, најави поднесување кривична пријава против Александар Вучиќ. Тој вчера на прес-конференција истакна дека Вучиќ нелегално го прислушувал него и тоа го изјавил неговиот идеолошки татко, Воислав Шешељ.
Поранешниот претседател на Србија додаде дека во светот не е забележан случај опозиционер да го прислушува шефот на државата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.