Регион
Вучиќ: Тежок ден во Брисел, неуспешна средба во невозможни услови

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ оцени дека денешните преговори во Брисел со премиерот на Косово, Албин Курти и високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, биле тешки и оти биле одржани „во речиси невозможни услови“.
„Не беше лесен ден во Брисел. Во тешки и речиси невозможни услови, една неуспешна средба“, вели Вучиќ.
Разговорите завршија неуспешно во однос на патот кон нормализација на односите. Курти не сакаше да го прифати компромисниот предлог на ЕУ, по што заврши средбата“, рече Вучиќ.
„Србија го прифати компромисниот предлог на ЕУ, иако тоа не ни е лесно“. Тој додаде дека во текот на разговорот имало главно непријатни работи, бидејќи секој се бори за своето.
„Јасно е дека Курти избегнува да се формира Заедница на српски општини (ЗСО) и тоа е суштината. Не бегаме од обврските, туку кажавме, не само ние, туку и ЕУ, како мора да се одвиваат работите. Курти одби, и така се заврши“ – изјави Вучиќ, пренесуваат српските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Општа тепачка на свадба во Србија: гостинка ја удри невестата, возврати младоженецот

Свадбена прослава во Горњи Милановац се претвори во вистинска драма кога избувна масовна тепачка меѓу гостите.
Според порталот „192.рс“, инцидентот почнал кога гостинка на свадбата, од причини што засега се непознати, физички ја нападнала невестата и ја удрила.
Потоа реагирал младоженецот обидувајќи се да ја заштити својата сопруга, а конфликтот набргу се проширил и на другите гости.
View this post on Instagram
Според снимката, во салата владеел целосен хаос, а некои од присутните се обидувале да ја смират ситуацијата.
фото: принтскрин
Регион
Дојава за бомба на имотот на Милорад Додик

Утрово, во Бања Лука е примена пријава за поставена бомба на имотот на Милорад Додик, поранешниот претседател на Република Српска.
Според Радио Сараево, полицијата веднаш излегла на местото на настанот и спроведува контрадиверзиска инспекција на имотот.
Претходно наутро, примена е и пријава за бомба во хотелот „Палас“ во Бања Лука. Министерството за внатрешни работи на РС извршило увид и утврдило дека станува збор за лажна пријава.
фото: принтскрин
Регион
Вучиќ: Успеавме да ги одложиме санкциите на САД врз српската нафтена индустрија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека САД го одложиле воведувањето санкции против Нафтената индустрија на Србија (НИС) за осум дена со цел, како што рече, „за да покажат почит кон Србија“.
„Им благодарам, сакаа да покажат почит, да ни кажат дека нè слушаат и ја разбираат нашата позиција. Благодарам за тоа, но дали добивме нешто суштинско? За седум дена, ќе го имаме истото прашање, а јас сè уште нема да го имам одговорот“, рече Вучиќ во Обреновац, каде што учествуваше на граѓанскиот марш против блокадите.
Тој додаде дека ќе има реакција од Србија и од самата НИС и кон американската страна и кон другите партнери кога станува збор за нови понуди.
„Верувам дека ова е добро, но дали ќе биде доволно и дали ова е она што го сакаат Американците – ќе видиме“, рече Вучиќ.
Санкциите на САД против НИС требаше да стапат во сила на 1 октомври, но рокот сега е одложен барем до 9 октомври.
фото: принтскрин