Контакт

Регион

Вучиќ ѝ порача на дијаспората: Не доаѓајте, тоа би било нашиот крај

Објавено пред

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ја повика српската дијаспора да не доаѓа за време на велигденските празници како превенција од ширењето на коронавирусот.

dobivaj vesti na viber

Вучиќ рекол дека во тој период се очекува пикот и дека доаѓањето на заразени луѓе  би бил најтешкиот удар за Србија и народот.

„Тоа би било крај за нас. На различни начини ќе се обидеме да го спречиме тоа, ако треба и со целосна блокада на границите. Најголем предизвик за нас ќе бидат католичкиот и православниот Велигден. Ги молам нашите луѓе во дијаспората да разберат и да не доаѓаат во нашата земја“, рекол Вучиќ.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

(Фото) Билборди со честитки за роденденот на Лукашенко се појавија во Белград и во Нови Сад

Објавено пред

Во Белград и во Нови Сад се појавија огромни плакати со честитки за роденденот на авторитарниот белоруски претседател Александар Лукашенко. Зад оваа акција стои конзервативното движење „Наши“, објавува „Нова.рс“.

dobivaj vesti na viber

На постерите поставени во српскиот главен град и во Нови Сад пишуваше: „Среќен роденден, претседателе Лукашенко! Србија те сака!“ Иван Ивановиќ, лидерот на ова десничарско движење, е наведен како потписник.

Ова не е првпат движењето „Наши“ да организира слични кампањи. Во февруари минатата година тие го преплавија Белград со постери со пораката „Србија е со Лукашенко“.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

Вучиќ на средба со Путин во Кина

Објавено пред

Од

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, ќе ја посети Народна Република Кина од 2 до 4 септември, каде што, на покана на претседателот на Кина, Шји Џјинпинг, ќе присуствува на прославата на 80-годишнината од победата во Втората светска војна.

dobivaj vesti na viber

За време на посетата на Пекинг, претседателот Вучиќ ќе се сретне со претседателот на Кина, Шји Џјинпинг, и со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, соопшти Канцеларијата за односи со медиумите на претседателот на Србија.

Исто така, како што е наведено во соопштението, Вучиќ ќе се сретне и со претставници на големи компании.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Протести во Нови Сад: граѓаните се собираат, студентите влегуваат во факултетот низ прозорецот

Објавено пред

Во Нови Сад се одбележуваат 10 месеци од уривањето на настрешникот на железничката станица, при што загинаа 16 лица. Граѓаните ќе се соберат и ќе одржат 16-минутно молчење во 11.52 часот кога се урна настрешникот, јавува „Н1“. По тој повод, но од 19 часот, средношколците ги повикаа граѓаните да се соберат на кампусот на Универзитетот во Нови Сад.

dobivaj vesti na viber

Во Белград студентите и учениците на блокада најавија комеморативна прошетка вечерва во 18.30 часот. Родителите, учениците и наставниците протестираат пред Петтата белградска гимназија.

Деканот на Факултетот за спорт и физичко образование во Нови Сад, Патрик Дрид, влегол во зградата на факултетот низ прозорец со помош на, според очевидци, тројца разбивачи и со асистенција на двајца полицајци.

Неколку студенти влегле и низ прозорецот на факултетот, а пред влезот граѓаните се расправаат со полицијата, која ги туркала со штитови, пренесуваат српските медиуми.

Подоцна ситуацијата почнала да се смирува, а студентите и граѓаните сè уште се собираат. Пред зградата на факултетот пристигнале засилувања на полицијата. Покрај итната полиција, таму има и единица на жандармеријата.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Македонија 51. на листата на земји според Глобалниот индекс за мир за 2025

На Глобалниот индекс за мир (GPI) за 2025 година Македонија е на 51. место со резултат од 1,799. Ова, според...

Македонија45 минути

Во август 19.343 сообраќајни прекршоци, уапсени 82 возачи

Во периодот од 01 до 31 август, од вкупно 19.343 издадени платни налози, 6.730 прекршоци се однесуваат на возачи кои...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: Пред 15 години зборувавме за компјутер за секое дете, а денес, по 15 години, зборуваме за учебник за секое дете

По повод почеток на новата учебна година, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски го посети ООУ „Кирил...

Македонија2 часа

Македонија доби 2,3 милиона евра неповратна помош од ЕУ

ЕУ ги ослободи средствата од првата транша за Северна Македонија. На земјата и се исплатени 2.3 милиони евра како неповратна...

Топ2 часа

Уапсен дилер во Скопје, запленети 100 кесички со марихуана

Вчера околу 19 часот на улицата „Анкарска“ во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го...

Свет3 часа

(Видео) Снимен моментот кога силен земјотрес го погоди Авганистан: досега најмалку 622 загинати

Земјотрес со јачина од 6 степени го погоди источен Авганистан ноќеска, при што загинаа најмалку 622 лица, повеќе од 1.500...

Европа4 часа

(Видео) Путин: Оваа криза не почна со рускиот напад врз Украина, резултат е на државниот удар во Украина, кој Западот го поддржа

Рускиот претседател Владимир Путин денес се обиде да ја оправда инвазијата на Украина пред сојузниците, обвинувајќи го Западот за провоцирање...

Македонија4 часа

Нема активни пожари во Македонија

Во изминатото деноноќие до 07:00 часот утрово, на територијата на Македонија имаше вкупно 15 пожари на отворен простор, од кои...

Македонија4 часа

Почнува учебната година, во клупите ќе седнат 177.800 основци и 67.200 средношколци

Новата учебна 2025-2026 година ќе ја започнат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Настава ќе има до...

Свет5 часа

САД го укинаа издавањето визи за речиси сите Палестинци

САД го укинаа издавањето визи за речиси сите носители на палестински пасоши, објави „Њујорк тајмс“ во неделата. Ограничувањата се построги...

Свет6 часа

Руди Џулијани тешко повреден во сообраќајна несреќа во САД

Поранешниот градоначалник на Њујорк, Руди Џулијани (81), е повреден во сообраќајна несреќа во американската држава Њу Хемпшир, јавува Би-би-си. Според...

Свет6 часа

(Видео) Автомобил се забил во рускиот конзулат во Сиднеј

Автомобил се забил во рускиот конзулат во Сиднеј, а едно лице поврзано со судирот е уапсено, објави утрово австралискиот телевизиски...

Македонија6 часа

Нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Македонија17 часа

Пожарот во Вардариште е под контрола, дел по дел Скопје добива струја

Пожарот во депонијата Вардариште е ставен под целосна контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување. Поради големиот пожар повеќе...

Македонија17 часа

Вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни, осум изгаснати, а еден под контрола

Заклучно со 18:00 часот, на територијата на државава има вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни,...

Македонија20 часа

Цел Аеродром без струја поради голем пожар на Вардариште

Голем пожар изби попладнево на дивата депонија Вардариште каде што е зафатен поголем простор и постар објект. Во моментот интервенираат...

Топ21 час

Притвореник побарал лекарска помош и починал во ќелија во затворот во Шутка

Притвореник од Долно Коњари вчера починал во КПУ Затвор Скопје, информираат од полицијата. -На 30.08.2025 околу 15:30 часот во СВР...

Македонија23 часа

Утре почнува учебната година, во клупите ќе седнат 177.800 основци и 67.200 средношколци

Новата учебна 2025-2026 година утре ќе ја започнат 245 илјади ученици, односно 177.800 основци и 67.200 средношколци. Настава ќе има...

Регион1 ден

Поевтини цени на околу 25 видови производи ќе има во Србија во следните шест месеци

Во Србија од утре и во следните шест месеци, цените на околу 25 видови производи треба да бидат пониски, бидејќи...

Свет1 ден

Момче загина од мина обидувајќи се да ги врати козите, неговата професорка напиша емотивна порака

Вчера, 19-годишниот Мехмед Хасанамиџиќ го загуби животот во населбата Хоџиќи во Добој. Според извештаите, младиот човек влегол во обележаното минско...