Регион
ГЕРБ на Борисов победи на парламентарните избори во Бугарија

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов победи на парламентарните избори во Бугарија, на кои неговата партија ГЕРБ освои32,6 отсто од гласовите пред Бугарската социјалистичка партија(БСП) со 26,8 отсто, објави во понеделник изборната комисија.
По пребројаните речиси 90 отсто од гласовите, изборната комисија објави дека на трето место со 9,2 отсто гласови е националистичкиот блок Обединети патриоти, сојуз на неколку антиевропски партии кои сакаат да спречат населување во земјата.
Во парламентот би требало да влезат уште две партии, МРФ на бугарските Турци со 8,9 отсто од гласовите и популистичката партија „Волја“, која освои 4,1 отсто од гласовите.
Изборната победа на ГЕРБ пред БСП би требало да му овозможи на Борисов трет премиерски мандат.
Поранешниот 57 годишен премиер во недела навечер прогласи победа и најави консултации со цел „брзо формирање на влада“.
„Овој резултат покажува категорично дека ГЕРБ треба да биде водечка владејачка партија“, рече Борисов, при тоа додавајќи дека ќе направи „краен напор“ со потенцијалните партнери што побрзо да направи влада. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.