Регион
Германската министерка: Западен Балкан треба да биде во ЕУ, мора да ги затвориме ранливите крила на Европа за Русија
Германската министерка за надворешни работи, Аналена Баребок, предупреди дека Европската Унија не може да дозволи постоење сиви зони на европскиот континент, кои Русија ќе ги искористи за да го прошири своето влијание и да ги дестабилизира, а особено инсистира на важноста на Западен Балкан.
Баербок денес заминува во посета на БиХ и Црна Гора, а нејзината средба со членовите на Претседателството на БиХ е најавена за вечерва во Сараево.
Западен Балкан е нераскинлив дел од Европа, затоа на земјите од тој регион треба да им се даде целосна поддршка во демократскиот развој и одржувањето на стабилноста, изјави германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, пред посетата.
„Не можеме да си дозволиме да имаме сиви зони насекаде во Европа и мора да сториме сè заедно за да ги затвориме сите крила што Русија може да ги користи за својата политика на дестабилизација, дезинформација и инфилтрација“, истакнува Баербок. Според неа, тоа вклучува поддршка на земјите од Западен Балкан во зајакнувањето на нивните демократски институции, подобрување на нивната отпорност и обезбедување на луѓето со економска перспектива.
„Како ЕУ имаме заедничка домашна задача да бидеме на истиот пат кон иднината бидејќи ставаме повеќе столчиња на европската маса“, вели шефот на германската дипломатија алудирајќи на политиката за проширување на Унијата, која исто така треба да прифати земјите од Западен Балкан како членки.
БиХ во моментот е во фаза кога чека да види дали Европскиот совет ќе ги одобри отворањето на пристапните преговори и евентуално датумот на нивниот почеток на седницата најавена за 20 и 21 март, но дотогаш мора да направи измени на Изборниот закон.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

