Контакт

Регион

Голема акција во БиХ и Словенија, планирано е апсење на повеќе од 50 лица

Објавено пред

Полициски службеници на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА), во рамките на меѓународната оперативна акција „Банкомат“, на подрачјето на Сараево и Зеница, почнаа претреси на деловни и станбени објекти и движен имот на 13 локации.

dobivaj vesti na viber

Наведените активности се вршат поради постоење основи на сомнение дека се сторени кривичните дела организиран криминал и перење пари, пропишани со Кривичниот законик на Босна и Херцеговина.

Наведените активности се резултат на работата на заедничкиот истражен тим на СИПА и Обвинителството на Босна и специјалното обвинителство на Република Словенија, која почна во февруари 2022 година.

Во рамките на оваа меѓународна оперативна акција, спроведена од полициски службеници на СИПА на територијата на Босна и Херцеговина, денеска во Република Словенија почнаа претреси на над 70 локации, во рамките на кои е предвидено да бидат лишени од слобода над 50 лица.

Во тек се активности за собирање податоци за средствата што осомничените ги имаат на своите банкарски сметки и сефови, во кои може да чуваат средства.

 

Регион

Земјотрес со јачина од 4,3 степени во Бугарија

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала ги погоди Пловдив и Асеновград.

dobivaj vesti na viber

Земјотресот е регистриран во 20 часот и 24 минути, со епицентар на околу 6 километри северно од Асеновград и на околу 16 километри југоисточно од Пловдив, на длабочина од 12,5 километри според последните податоци.

Засега нема информации за материјална штета или повредени лица.

Земјотресот се почувствувал на високите катови во станбените згради во Пловдив и луѓето излегле на улиците, јавува БНР.бг.

 

Прикажи повеќе...

Регион

Брнабиќ: Јавноста не е свесна за опасноста за животот на Александар Вучиќ

Објавено пред

Претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ, денеска, во интервју за телевизијата „Хепи“ изјави дека „јавноста не е свесна за опасноста за животот на Александар Вучиќ“, пренесува „Нова.рс“.

dobivaj vesti na viber

Нејзината изјава следува по објавувањето на наводната преписка на осомничените членови на нарко-картел во Црна Гора.

Брнабиќ истакна дека „Александар Вучиќ е единствената бариера за таа мафија“.

„Заканата за животот на Александар Вучиќ постои сѐ додека Радоје Звицер е на слобода“, предупреди таа.

Звицер е водач на озлогласениот Kавачки клан.

Тој е поврзан со многубројни убиства, продажба на дрога и други злосторства. Во мај 2020 година Звицер беше застрелан среде бел ден додека џогирал во близина на неговиот стан во Киев. Двајца вооружени напаѓачи испукале десетина истрели, од кои пет го погодиле.

Тој е во бегство од февруари 2021 година кога во Белград беа уапсени членовите на групата на Вељко Беливук. Во септември 2022 година се појави информација дека е убиен во Панама, но подоцна беше демантирана.

Брнабиќ истакна дека Вучиќ „не е само бариера за спречување на организираниот криминал и мафијата да ги заземат Србија и регионот, туку и гаранција за безбедноста“. Како пример таа наведе дека, според податоците на Народната банка на Србија, до 10 јуни во Србија пристигнале „над две милијарди евра приливи на директни странски инвестиции“.

Прикажи повеќе...

Регион

„Фајненшл тајмс“: Србија го добива најголемиот рудник за литиум во Европа

Објавено пред

Српскиот претседател Александар Вучиќ се подготвува да ѝ даде зелено светло на британско-австралиската компанија „Рио Тинто“ за развој на најголемиот рудник за литиум во Европа две години откако Белград се откажа од проектот, објави „Фајненшл тајмс“ (ФТ).

dobivaj vesti na viber

Вучиќ изјави за ФТ дека новите гаранции од глобалниот рударски гигант и од Европската Унија изгледа одговориле на загриженоста на Србија за тоа дали ќе бидат исполнети потребните еколошки стандарди на наоѓалиштето Јадар на западот од земјата.

„Веруваме дека проектот за Јадар има потенцијал да биде средство од светска класа, што може да дејствува како катализатор за развој на синџирот на електрични возила во Србија“, изјавија од компанијата „Рио Тинто“ за „Ројтерс“.

Литиумот, кој се смета за критичен материјал во ЕУ и во САД, се користи во батериите за електрични возила и мобилни уреди.

„Ако исполниме сè, рудникот би можел да биде отворен во 2028 година“, изјави Вучиќ за ФТ додавајќи дека се очекува рудникот да произведува 58.000 тони литиум годишно. „Тоа би било доволно за 17 отсто од производството на електрични возила во Европа, приближно 1,1 милион автомобили“, рече претседателот на Србија.

Во 2022 година Белград ги откажа лиценците за проектот „Јадар“, вреден 2,4 милијарди долари, по големите еколошки протести. Доколку биде завршен, проектот би можел да задоволи 90 отсто од тековните европски потреби за литиум и да помогне компанијата да стане водечки производител на литиум.

Во текот на 2021 и 2022 година српските екологисти собраа 30.000 потписи на петиција, со која се бараше парламентот да усвои закон за запирање на истражувањето на литиум во земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ2 часа

Возило падна во провалија длабока 200 метри на Галичица, две лица загинаа

Две лица загинаа при пад во провалија со возило на Галичица. Според информациите од ЦУК, несреќата се случила кај местото...

Uncategorized3 часа

Заев и Ципрас му врачија на награда на Нимиц: „Ни порача да го чуваме и целосно да го имплементираме Преспанскиот договор“

Експремиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас му ја врачија Наградата за мир Преспа на поранешниот медијатор Метју Нимиц, најавувајќи дека...

Македонија4 часа

Здравство треба да го санира урнатиот ѕид кај Детската клиника, а Град Скопје и Општина Центар да најдат решение за подземните води

Санацијата на Полуурнатиот ѕид кај Детската клиника е во надлежност на Министерството за здравство, а решението за подземните води треба...

Топ6 часа

Приведени криминалци од Прилеп кои со пиштол и’ се заканувале на продавачка, едниот бил бегалец од затвор

Полицијата приведе двајца криминалци од Прилеп, кои претходно денес со пиштол се заканувале на 35-годишна прилепчанка пред продажниот објект каде што...

Македонија7 часа

(Видео) Мицкоски: Подавам рака на СДСМ за суштинските прашања од важност за Македонија, но тоа не значи амнестирање од одговорноста за криминалите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешната свеченост по повод 34 години од формирањето на ВМРО-ДПМНЕ насловена „34 години ВМРО-ДПМНЕ,...

Македонија9 часа

„Уште седум нови барања за апанажа – 750.000 евра го чинат народот поранешните функционери на ДПМНЕ, СДС и ДУИ“, велат од партијата Левица

Пред околу две недели собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата им одобри апанажа, во траење од една година,...

Македонија9 часа

Филипче од Атина: Преку договорот од Преспа спорот го трансформиравме во соработка

Д-р Венко Филипче, директор на Фондацијата „Едно општество за сите“, денеска имаше обраќање на дводневната меѓународна конференција за мир и...

Култура12 часа

Љутков: Мораме да ја вратиме националната култура и да ги направиме работниците во културата повторно горди на својата професија

„По предлог на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, Централниот и Извршниот комитет донесоа одлука со која сум предложен за министер...

Македонија12 часа

Миле Јанакиески од денеска на слобода, по шест години излегува од затвор

По шест години во затвор, на слобода излегува Миле Јанакиески. Тој во периодот од 13.11.2018 година до 17.6 2024 неколкупати...

Македонија13 часа

Мисајловски: Силно ќе се заложам за модернизација на Армијата и засилување на борбената готовност

Сакам да се заблагодарам пред сѐ на нашиот македонски народ за огромната поддршка што ни ја даде на изборите за...

Македонија13 часа

Николоски по предложувањето за министер: Како што го кренавме ВМРО-ДПМНЕ, ќе ја кренеме и Македонија

Би сакал да му се заблагодарам на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден Претседател на Владата Христијан Мицкоски за укажаната доверба...

Регион14 часа

За една недела тројца исчезнати туристи пронајдени мртви на грчките острови

За само една недела тројца исчезнати туристи се пронајдени мртви на грчките острови, јавија грчките медиуми. Турист од САД кој...

Македонија14 часа

Мицкоски за предлог-составот за влада: Имаме амбициозен план за реформи и проекти, чија реализација ќе почне од првиот ден

Мандатарот за состав на влада, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски синоќа по седниците на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ...

Свет14 часа

Јенс Столтенберг: НАТО размислува да стави нуклеарно оружје во состојба на готовност

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека имало консултации меѓу членките на Алијансата за отстранување на нуклеарното оружје од...

Македонија1 ден

Тошковски по предлогот да биде министер: Ја прифаќам одлуката која за мене е голема одговорност и обврска кон сите вас

Досегашниот министер за внатрешни работи во техничката Влада, Панче Тошковски, е предлогот за истата оваа функција во новата влада. „Вечерва...

Македонија1 ден

Мицкоски ги соопшти петнаесетте предлози со имињата на министри во неговата влада

Мандатарот за состав на влада и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прес-конференција ги соопшти имињата за кадровските решенија во...

Македонија1 ден

Извршниот и централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ заседаваат за кадровскиот состав од партијата

Извршниот и централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска заседаваат за кадровскиот состав од партијата за владата што ќе го предложи мандатарот...

Европа1 ден

Германската полиција уби навивач кој со секира влегол во фан-зоната на Европско првенство (ВИДЕО)

Германската полиција во Хамбург имаше полни раце работа. Во градот каде хрватската фудбалска репрезентација ќе го одигра следниот натпревар на...

Македонија1 ден

Силјановска-Давкова од Швајцарија: Тековната војна во Украина нè засега сите нас

Во обраќање на пленарната сесија на Самитот за мир во Украина, што викендов се одржува во Бургеншток на езерото Луцерн...

Европа1 ден

Четворица загинати во страшна сообраќајка во Грција, пожарникарите го сечеа возилото за да ги извадат телата (ВИДЕО)

Во сударот меѓу автобус и автомобил, што се случи денес наутро пред Токсотес Ксанти, на стариот национален пат Ксанти-Кавала во...