Регион
Грабар-Китаровиќ допатува во Сочи, ќе се сретне со рускиот премиер

Претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ допатува денеска во Сочи, каде вечерва службено ќе присуствува на натпреварот од четвртфиналето на Светското првенство Хрватска-Русија.
За време на посетата, претседателката ќе се состане со рускиот премиер, Дмитриј Медведев.
Грабар-Китаровиќ најави дека билатералната средба со Медведев, што ќе се одржи пред почетокот на натпреварот, ќе биде фокусирана на економски теми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролени, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.
Регион
Дел од натстрешник се урна во центарот на Белград

Во центарот на Белград, пред продавница за парфеми, се урна таванот на натстрешник, пишува „Н1 Србија“.
Ова, најверојатно, се случило во текот на ноќта, а жената што работи во продавницата за парфеми изјавила за „Н1“ дека сè било во ред во текот на денот.
Властите поставија црвена лента на која пишува „внимание, опасност“, така што на граѓаните сега им е забрането да минуваат во тој дел од улицата.
Делови од таванот се наоѓаат и на самото шеталиште, а дел од него сè уште виси.
Регион
Македонец меѓу загинатите во Бугарија кога автомобил управуван од 19-годишник се заби во ресторан

Деветнаесетгодишен возач со автомобилот се заби во ресторан во Разград, Бугарија, при што загинаа три лица, меѓу кои 58-годишник, државјанин на Македонија, соопшти бугарската полиција.
Несреќата се случила по полноќ на улицата Гранчарска во градот. Според првичните информации, младиот возач ја изгубил контролата врз автомобилот, што ја предизвикало тешката несреќа. Тестовите за алкохол и дрога на 19-годишниот возач биле негативни, јавуваат бугарските медиуми.
Починатите се лица на возраст од 62, 64 и 58 години, кои биле во објектот во моментот на несреќата.