Регион
Градоначалникот на Загреб го посетил Рим 62 пати во период од 5 години
Хрватската Комисија за судир на интереси поведе постапка против градоначалникот на Загреб, Милан Бандиќ, поради 62 патувања во Рим на трошок на градот во период од 5 години.
Како што пренесува „Индекс“, за време на патувањата на Бандиќ во Рим тој не присуствувал на никакви официцијални состаноци.
Од канцеларијата на Милан Бандиќ на прашањето колку сето тоа ги чинело граѓаните на Загреб, одговориле дека тој посетил педесетина града во светот.
„Градоначалникот на службен пат оди на повик на организаторите на настани/конференции или на повик на градоначалникот домаќин. Имајќи предвид дека градот Загреб е европска метропола, а како би бил во рангот со другите европски градови и држави, организира и предлага меѓуградски и меѓународни соработки со други градови, во последните осумнаесет години градоначалникот службено ги посетил следниве градови: Анкара, Берлин, Мајнц, Виена, Лисабон, Москва, Љубљана, Будимпешта, Брисел, Милано, Рим, Сараево, Пекинг, Шангај, Санкт Петербург, Софија, Скопје, Варшава, Астана, Тирана, Приштина, Амстердам, Париз, Њујорк, Вашингтон, Лос Анџелес, Лас Вегас, Белград, Подгорица, Трст, Прага, Порторож, Суботица, Сан Франциско, Торонто, Питсбург, Братислава, Бања Лука, Сребреница, Лондон, Мостар, Салцбург, Марибор“, се наведува во одговорот што го пренесе „Индекс“.
Од прес-службата на Градот додаваат дека градоначалникот редовно ја известувал јавноста за своите патувања, но интересот на медиумите досега не бил значаен. Велат дека во Градската управа може да изврши увид во списите поврзани за службените патувања.
Бандиќ е градоначалник на Загреб од 2005 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
E-пошта со безбедносни закани во училиштата во Словенија: учениците итно евакуирани
Неколку основни и средни училишта низ Словенија денес добија е-пошта со безбедносни закани, а некои беа евакуирани како мерка на претпазливост, објави полицијата.
Главната полициска управа на Љубљана изјави дека реагирала веднаш по приемот на заканувачки пораки, собрала информации и ги спровела сите потребни мерки за да ја осигура безбедноста на учениците и персоналот, објави СТА.
Досега собраните податоци укажуваат дека станува збор за генерички закани, без конкретна оперативна опасност.
Полицијата процени дека ситуацијата носи мал ризик и дека нема потреба од дополнителен аларм.
Министерот за образование беше информиран за инцидентот, пишуваат медиумите.
Фото: депозитфотос
Регион
Германските медиуми: Без Србија, нема стабилност на Балканот; Брисел сè прави погрешно
Германските медиуми пишуваа за одлуката на српскиот претседател Александар Вучиќ дека нема да оди на самитот на ЕУ оваа година за да ги заштити интересите на својата земја.
„Берлинер Цајтунг“ истакна дека целосно ја разбира последната порака што Вучиќ ја испрати до ЕУ со тоа што не присуствува на самитот.
Сепак, како што се оценува во написот на германскиот весник, „Брисел ја игнорира клучната геополитичка реалност“.
„Западен Балкан не може да се стабилизира без Србија, а секако не против Србија. Никаков одржлив мировен поредок и никаква економска интеграција не се замисливи на Балканот без конструктивно учество на Белград. Со постојано фрустрирање на најважната земја во регионот, ЕУго прави токму спротивното од она што тврди дека го постигнува“, пишува „Берлинер Цајтунг“.
На крајот, овој германски медиум го презентира заклучокот:
„Наместо да извезува стабилност, неодлучноста на Брисел сее недоверба и создава опасен вакуум во моќта. Актери како Кина намерно ја експлоатираат оваа европска слабост. Празното столче на Србија на самитот во Брисел е повеќе од протест од една земја. Тоа е знак за неуспех на политиката што ризикува да го изгуби сопствениот двор од геополитичките ривали.“
Фото: депозитфотос
Регион
(Видео) Хаос и туркање во албанскиот парламент: драматични сцени во Тирана
Во албанскиот парламент денес избувна хаос кога пратениците од опозицијата запалија факели и фрлаа вода за време на седницата, а сето тоа поради спор околу корупцијата во владата, објави The Telegraph.
Драматични сцени од Тирана покажуваат како чад се шири низ салата додека пратениците се туркаат, а безбедносните сили се обидуваат да воспостават ред. Инцидентот е кулминација на неколкунеделните тензии во кои опозицијата ја обвини владата дека ги игнорира барањата за истрага за корупциските скандали што ја потресоа земјата.
🚨🇦🇱🔥‼️ BREAKING | FLARES IN PARLIAMENT: ALBANIA’S DEMOCRACY COLLAPSES LIVE ON CAMERA 🚨
What you are seeing is not a protest.
It is not “political theatre.”
It is a full institutional breakdown.Inside the Albanian Parliament, opposition MPs ignited flares, physically blocked… pic.twitter.com/OQvVXgGP1d
— Slavic Networks (@SlavicNetworks) December 18, 2025
Корупцијата е клучно политичко и социјално прашање во Албанија со години, а меѓународните институции и организации редовно предупредуваат за проблеми во судството, јавната администрација и системот за јавни набавки. И покрај реформите што официјално се започнати, особено во судството со поддршка на Европската Унија и САД, перцепцијата за широко распространета корупција останува силна кај јавноста.
Случаите во кои се вклучени високи државни функционери, градоначалници и луѓе блиски до владејачките структури привлекоа особено внимание, дополнително поткопувајќи ја довербата на граѓаните во институциите и политичкиот систем.

