Регион
Грците масовно закажуваат вакцинација, по најавите за казни

Во Грција во изминатите 24 часа има големо зголемување на распоредот за вакцинирање, по најавата на Владата за задолжителна вакцинација за оние над 60 години и заканите со казни од 100 евра за невакцинираните.
Според владини извори, во претходните 24 часа 17.500 лица постари од 60 години закажале термин за вакцинација, објави „Катимерини“.
Како што нагласија од Владата, досега таа бројка беше близу 2.600 дневно, а сега бројката е зголемена за речиси седум пати.
Согласно владината уредба од вторник, сите лица родени пред 31 декември 1961 година треба да примат најмалку една доза вакцина до 16 јануари 2022 година, а ревакцинацијата да биде завршена според пропишаната процедура во одредено време, во зависност на вакцината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.