Регион
Грција воведе нови мерки на границите
Портпаролот на грчката влада, Стелиос Пекас, рече дека на граѓаните што имаат грчко државјанство, како и на оние што имаат дозвола за престој во Грција, ќе им биде дозволено да влезат и да ја напуштат земјата на само шест копнени премини од 22 јули до 4 август.
Поради зголемениот број транзити на копнените граници, но и поради зголемениот број позитивни случаи на заразени со коронавирус, кои се утврдуваат на граничните премини, грчката влада, со одлука на премиерот Киријакос Мицотакис, ги заострува мерките на копнените граници од 22 јули до 4 август, кои се однесуваат на Грците и на граѓаните што имаат дозвола за престој во земјата.
„Освен постојната одлука за грчко-бугарскиот премин Промахонас-Кулата, од 22 јули до 4 август влез на грчка територија за итни случаи ќе биде дозволен само на граничните премини Какаваис, Кристалопигис, Евзони, Промахонас, Нимфеас и Кипи“, рече тој. Пекас додаде дека и грчките граѓани и оние што имаат дозвола за престој ќе треба да пополнат посебен образец (ПЛФ).
Што се однесува до сезонските работници во полјоделството, Пекас истакна дека во случај да ја напуштат Грција пред 4 август, нема да имаат право повторно да се вратат.
До сега грчките граѓани можеа да влезат и да излезат на сите гранични премини без никаква контрола, а градоначалниците на пограничните градови ги советуваа Грците да избегнуваат да патуваат во соседните земји, особено во нашата земја.
„Нагласуваме дека вирусот Ковид-19 е тука и им порачуваме на сите грчки граѓани да избегнуваат непотребни движења во епидемиолошки оптоварените области, како што се оние на Балканот сега“, рече Пекас.
Тој додаде дека Грција ќе остане здравствено безбедна земја и дека грчката влада ќе преземе дополнителни мерки доколку е потребно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

