Регион
Грција и Турција самите нека си ги решат проблемите, рече Столтенберг

Генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг изјави дека лидерите на Турција и Грција треба самите да ги решат прашањата што предизвикуваат тензии во односите меѓу нив, бидејќи тоа не е работа на НАТО.
„Одредени недоразбирања што се појавија меѓу нив треба да се решат во рамките на добрите односи. Се радував кога дознав дека премиерите на двете земји за време на нивниот последен телефонски разговор се согласиле проблемите да ги решат преку дијалог“, рече Столтенберг во интервју за турската агенција Анадолија.
Тој утре ќе допатува во посета на Турција, со цел подготовката за престојниот самит на НАТО во јули во Брисел. Столтенберг додаде дека со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, шефот на дипломатијата Мевлут Чавушоглу, и министерот за одбрана Нуретин Џаникли ќе разговара за повеќе регионални и глобални теми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.