Регион
Грција нема да го прими иранскиот танкер

Грција денеска објави дека нема да го прими иранскиот танкер за кој се верува дека плови по Средоземното Море кон Грција, а кој го бараат САД.
Заменик-министерот за надворешни работи, Милтијадис Варвичиотис, рече дека Грција е под притисок на американските власти кои тврдат дека бродот „Адријан Дарја 1“ е поврзан со организација под санкции.
Варвичиотис изјави дека танкерот од 300.000 тони, долг 330 метри и широк 58 метри, е веќе преголем за секое грчко пристаниште и дека не може легално да ја истовари лесната нафта во вредност од 130 милиони американски долари што ја транспортира до европските рафинерии.
Грчкиот дипломат рече дека Атина испратила многу јасна порака дека нема да помогне во транспортот на нафта во Сирија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.