Регион
Во Грција судир на полицијата и мигрантите, запалени имоти

На источниот егејски остров Лезбос дојде до судир помеѓу група од речиси илјада азиланти, кои се обиделе од логорот Мори да дојдат до островскиот главен град Митилена, и силните полициски сили.
Инцидентот се случил кога полицијата не дозволила барателите на азил да дојдат во градот и фрлила солзавец.
Мигрантите ги запалиле соседните имоти, а уште илјада се спуштале од околните планини движејќи се кон градот.
Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот во областа.
Маршот на бегалците е организиран во знак на протест против лошите услови за живеење во државниот камп, во кој се сместени неколкупати повеќе луѓе отколку што се предвидува според неговиот капацитет, пренесува „Катимерини“.
Локалните медиуми во Лезбос објавија дека полицијата употребила солзавец за да ги растера групите демонстранти што се обидувале да го пробијат кордонот поставен на главниот пат што води од Морија до Митилена и дека судирите продолжуваат додека маршот напредувал кон главниот град на островот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора планира да произведува дронови; САД: Покажуваат дека се сериозни

Црна Гора планира да започне со производство на беспилотни летала во соработка со американска компанија, а првата серија ќе биде донирана на Украина, објавија денес црногорските медиуми, повикувајќи се на „писмо за намери“ усвоено од владата во Подгорица кон крајот на мај.
Во тој документ, како што објави Радио Слободна Европа, црногорската влада наведува дека оваа иницијатива ќе ги подобри капацитетите на војската во однос на НАТО, ќе ги поддржи одбранбените потреби на Украина, како и позицијата на Црна Гора како сигурен снабдувач на најсовремена одбранбена опрема на глобалниот пазар.
Се нагласува дека договорот вреден 15 милиони долари ќе биде поддржан и од американската администрација предводена од претседателот Доналд Трамп. Писмото за намери усвоено од црногорската влада на 29 мај наскоро ќе го потпишат црногорскиот министер за економски развој Ник Ѓељошај и Роберт Џ. Донахју, директор на компанијата „Бај Лајт Профессионал ИТ Сервисиз ДОО“. Тоа ќе биде претходница на договорот што треба да се потпише во септември.
Договорот предвидува користење на компании од Црна Гора и регионот за тестирање на воздушни и подводни технологии на беспилотни системи. Исто така, се наведува дека владата на Црна Гора се согласува да ја донира првата серија беспилотни системи од рано производство и сродна одбранбена опрема на Украина.
Амбасадата на САД објави дека договорот, доколку биде одобрен, ќе промовира заедничка безбедност, стабилност и напредок и дека владата на САД ги охрабрува сите земји-партнери да инвестираат и да соработуваат со американските компании.
„Инвестирањето во одбранбени капацитети, како што се американските беспилотни воздушни системи, ја покажува сериозноста на Црна Гора во исполнувањето на своите обврски кон Алијансата во време кога бараме од Европа да преземе поголем товар за нејзината безбедност“, порачаа тие.
Регион
Европската комисија не се откажува од рудникот за литиум во Србија, тој се појави на новата листа

Европската комисија денес објави список од 13 стратешки проекти во областа на критичните суровини во трети земји, вклучувајќи го и проектот Јадар во западна Србија, кој предизвика силни протести и спротивставување во таа земја.
Списокот на стратешки проекти во областа на критичните суровини во трети земји вклучува проекти во Канада, Гренланд, Казахстан, Норвешка, Србија, Украина, Замбија, Нова Каледонија, Мадагаскар, Малави, Јужна Африка и Обединетото Кралство.
Според проценката на Комисијата, избраните проекти, од кои повеќето се однесуваат на суровини неопходни за производство на електрични возила и батерии, како што се литиум, никел, кобалт, манган и графит, бараат вкупно 5,5 милијарди евра капитални инвестиции за да започнат со работа.
На листата е вклучен и проектот Јадар во долината на реката Јадар во западна Србија, кој предизвика широко распространето негодување и отпор поради страв од загрозување на здравјето на луѓето и животната средина.
На почетокот на 2022 година, српската влада го поништи усвоениот просторен план за рудникот во долината на реката Јадар и го запре проектот. Сепак, во јули минатата година, повторно донесе одлука со која му дозволи на британско-австралискиот рударски гигант „Рио Тинто“ да го рестартира својот проект за рударство на литиум.
Избраните стратешки проекти ќе добијат поддршка од Комисијата, земјите-членки и финансиските институции во форма на полесен пристап до финансирање. Комисијата, исто така, ќе ја зајакне соработката со трети земји за да се обезбеди развој на овие проекти, особено преку стратешки партнерства што веќе се воспоставени со некои од земјите.
Регион
Бугарија од 1 јануари 2026 година го воведува еврото

Бугарија ги исполни сите критериуми и е подготвена да ја усвои единствената европска валута од 1 јануари 2026 година. Ова е јасно од извештајот за конвергенција на Европската комисија (ЕК), објави БГНЕС.
Министрите за финансии на Еврогрупата ќе го разгледаат извештајот на ЕК и оној на ЕЦБ на состанокот на 19-20 јуни во Луксембург. На самитот на ЕУ, кој ќе се одржи на 26-27 јуни, тие ќе бидат разгледани и од лидерите на Унијата.
На 30 јуни, Европската комисија ќе го даде предлогот за фиксирање на девизниот курс, и не се очекува тој да биде различен од сегашниот девизен курс утврден од валутниот одбор.
Конечната одлука за пристапувањето треба да дојде на 8 јули, кога земјите од Еврогрупата ќе ги усвојат законските одлуки за усвојување на еврото во Бугарија.
Со ова, Бугарија ќе биде 100% полноправна членка на Европската Унија, откако на почетокот на оваа година се приклучи и на копнениот Шенген, објави БГНЕС.
Бугарија е членка на ЕУ од 1 јануари 2007 година.