Регион
Грчките левичари запалија американско знаме во Солун

Грчките левичари во Солун го запалија американското знаме пред конзулатот на САД, тврдејќи дека тоа го прават во солидарност со „американските бунтовници“, пренесува „Прото Тема“.
Групата држела пароли „Солидарност со жртвите на расизам и полициско насилство во САД“ и „Солидарност со бунтовниците во САД“ пред зградата на конзулатот и извикувале разни антирасистички пароли пред да го запалат американското знаме.
Десетици демонстранти учествувале на протестот, марширајќи по главните улици на Солун, откако се собрале пред статуата на Елефтериос Киријаку Венизелос, поранешен премиер на Грција кој беше истакнат водач во грчкото национално ослободително движење.
Протестот во Солун е само еден од многуте во знак на поддршка на демонстрантите, актвистите на „Блек лајвс медр“ и „Антифа“ во Европа во последните неколку дена.
Во Амстердам во Холандија илјадници излегоа на улиците во знак на протест против полициската бруталност. Собирот беше во спротивност со мерките за ограничено движење во земјата според кои луѓето треба да носат маски и да стојат на најмалку пет метри едни од други, и доведе до повици за оставка на градоначалникот кој присуствуваше на протестот.
Во Франција се одржа голем протест со повеќе од 20.000 лица – во солидарност со демонстрантите на САД и за спротивставување на бруталноста на француската полиција – кој се претвори во немири и насилство во вторникот вечерта.
Во Париз во немирите беа запалени неколку импровизирани барикади. Во париското предградие Клиши, полициската станица беше насилно нападната, а демонстрантите се качија да ги искршат прозорците на зградата и да влезат внатре.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Полицајците не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со законот и со минимална употреба на сила.
„Тие полицајци…не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот и да ги напаѓаат со стапови“, изјави Вучиќ.
Вучиќ истакна во интервју за белградски медиуми, дека студентите во блокада на 15 март не дале „зелено светло“ затоа што некои во државата требало да ја завршат својата работа, а на 28 јуни го направиле тоа „преценувајќи се себеси и потценувајќи ги другите“.
Тие луѓе мислат дека е нормално да му се одземе на некого уставно загарантираното право на движење, тие не се заинтересирани за ништо, тие го прогласиле за легално и не им е гајле, рече Вучиќ.
„Загрижен сум за државата, но што се однесува до партиските, посебни интереси – одлично, можеби до Нова Година, можеби ќе ги изненадам, а потоа ќе распишам избори“, додаде Вучиќ.
Регион
Грчкиот остров Закинтос го погоди земјотрес

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета.
Претседателот на Организацијата за антисеизмичко планирање и заштита на Грција Ефтимиос Лекас за државната телевизија ЕРТ истакна дека „не постои причина за загриженост, бидејќи е во подводниот дел“, но и дека има простор и за многу поголеми земјотреси без да се создадат проблеми.
По големиот земјотрес следеа неколку помали меѓу 2,2 и 2,8 степени.
Регион
Мицкоски треба да најде начин да се извини, вели бугарскиот премиер

Наративот и изразувањето на премиерот Христијан Мицкоски ќе им го оставам на оние што го познаваат Езоп. Република Македонија мора да се придржува до консензусот постигнат во 2022 година и да ги исполни обврските што самата ги презела.
Ова го изјави бугарскиот премиер Росен Жељазков во врска со „неприфатливиот и навредлив јазик на Мицкоски кон министерот за надворешни работи, Георги Георгиев“, објави „Бгнес“.
„Колегата Мицкоски мора да најде начин да се извини“, вели Жељазков.
Тој додаде дека политичката зрелост бара да се исполни она што е договорено.
„Довербата во овие времиња е многу кревка“, истакна премиерот.
Жељазков изјави дека Бугарија ќе продолжи да го поддржува европскиот пат на Република Македонија, но непоколебливо врз основа на исполнувањето на обврските од договорот од 2022 година и договорот за добрососедство, според написите во медиумот.