Регион
Дачиќ: Ако се вклучи Америка, ќе ја повикаме Русија
Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, зборуваше за евентуално сценарио за промена на форматот на преговорите меѓу Србија и Косово.
„Дколку евентуално почне сценарио за промена на форматот на преговорите за решение за Косово и Метохија, така што бриселскиот дијалог би бил заменет со разговори во кои би била вклучена Америка, српската страна би требало да ја повика и Руската Федерација да земе учество“, рекол Дачиќ за „Спутник“.
Приштина најави дека од јануари па до крајот на идната пролет дијалогот меѓу Белград и Приштина влегува во нова фаза во која, како што рекол заменик министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај, би бил вклучен и Вашингтон.
Дачиќ рекол и дека Белград, во секој случај, потполно и без резерва е посветен на дијалогот кој може да продолжи кога Приштина ќе ги повлече таксите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
На полноќ почнува изборниот молк пред вториот круг од претседателските избори во Хрватска
Денеска е последниот ден од кампањата во Хрватска во пресрет на вториот круг од претседателските избори в недела на 12 јануари, а на полноќ стапува во сила изборниот молк.
Во избирачкиот список се запишани нешто помалку од 3,8 милиони гласачи, а тие ќе одлучуваат меѓу актуелниот претседател Зоран Милановиќ (СДП) и Драган Приморац (ХДЗ со партнерите).
Гласачките места ќе бидат отворени в недела од 7 до 19 часот.
Регион
По Црна Гора, слаб земјотрес ја погоди и Хрватска
Земјотрес со јачина од 2 степена според Рихтеровата скала денеска ја погоди Хрватска.
Епицентарот на земјотресот бил на 33 километри од Риека, на длабочина од 34 километри.
Предходно, Црна Гора ја погоди земјотрес со јачина од 3,6 степени. Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Регион
Земјотрес во Црна Гора: се тресеше во близина на Будва
Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово во 8.18 часот ја погоди Црна Гора.
Епицентарот на земјотресот бил на 41 километар од Подгорица и 7 километри од Будва. Земјотресот се случил на длабочина од 10 километри, соопшти ЕМСЦ.
Засега нема информации за материјална штета.