Регион
Дачиќ во ОН: Запрете ја приштинската воена машинерија пред да предизвика ново крвопролевање

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации за Косово повика на дијалог и решавање на косовскиот проблем по мирен пат со пронаоѓање компромисно решение, пренесува „Танјуг“.
Тој истакнал дека состојбата во Косово и Метохија е далеку од безбедна и стабилна и поради тоа, како што рекол, не треба ни да се размислува за намалување на мисијата на УНМИК.
Дачиќ на седницата предупредил дека, според сознанијата на Србија, приштинските власти спремаат напад на северот на Косово и ги повикал Обединетите нации сериозно да го сфатат неговото предупредување.
„Сакам сите тука да бидете свесни и да ја запрете приштинската воена машинерија пред да предизвика ново крвопролевање. И да ве потсетам дека задачата на КФОР е да ги заштити безбедноста и мирот на сите, па и на Србите во Косово и Метохија. И барам одговор од вас дали ќе го направите тоа или не затоа што сум сигурен дека можете“, рекол Дачиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.