Регион
Дачиќ: Запад бара да не ги иритираме Албанците

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, изјави дека западните земји бараат од Србија да ја запре дипломатска акција со која успешно влијае на државите кои го признаа Косово да ја преиспитаат таа позиција и ја понишат бидејќи со тоа наводно се нарушува дијалогот со Приштина.
Албанска партија се жалела на западњаците од мене и Запад бара да престанеме со тоа затоа што тоа ги иритира Албанците и му штети на дијалогот, а нивните лобирања за нови признавања и за членство во меѓународните организации се во ред, рече Дачиќ за ,,Новости”.
Говорејќи во врска со одлуката на Гренада да го повлече признавањето на Косово, Дачиќ оцени дека тоа е уште еден голем резултат, не само за оспорувањето на косовската независност туку и за сфаќањето дека тој проблем може да се реши само со дијалог и дека ова прашање не е решено.
,,И при гласањето за прием во Интерпол ќе се види дека тоа не е решено и дека на листата на Приштина за бројот на држави што го признаа Косово е лажна. Бидејќи, наводно, имаат толку голем број држави, тогаш може да се очекува дека ќе бидат примени во Интерпол, а јас можам да гарантирам дека тоа нема да се случи”, вели Дачиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.