Регион
Ивица Дачиќ бара Бугарија да го признае српското малцинство

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, беше револтиран од одбивањето на Бугарија „да го признае постоењето на српско национално малцинство“ во оваа земја, пишува БГНЕС.
Во утринскиот блок „Ново Јутро“ Дачиќ, како што пишува БГНЕС, кој е најблизок политичар до српскиот претседател Александар Вучиќ, се налутил поради тоа што „Бугарија не ги признава националните малцинства“.
„Бугарија не признава национални малцинства, но од друга страна, толку многу протестира за лошата состојба на Бугарите во Србија. И тоа е веќе точно… Но кога ќе им кажеме, а и на Србите во Бугарија, тогаш тие одговараат: нема Срби во Бугарија. Ах, тоа значи дека велиме дека нема Бугари во Србија. Тогаш нема проблеми со бугарското национално малцинство“, рече Дачиќ во утринската емисија „Ново јутро“
Според Дачиќ, „секаде каде што има различни етникуми, има војни, конфликти и кризи“.
„Ова не е прва брутална провокација во однос на Бугарија од страна на Дачиќ. На почетокот на јануари 2020 година, пред државната телевизија Дачиќ, во коментар за односите со Црна Гора, тој одеднаш со голема агресивност го изјави следново: „За какви внатрешни работи се зборува денес во Европската унија. Имате некои Бугари кои се само во Србија 0,26 отсто од нашето население. Толку Бугари има во Србија. Но, на секој состанок на Европскиот совет, Бугарија го поставува прашањето за правата на бугарското национално малцинство?“, стои во објавата на БГНЕС.
БГНЕС потсетува дека за само неколку децении бугарското малцинство во западната периферија било буквално уништено. Од над 120.000 луѓе претходно, сега брои околу 20.000 и живее во крајна беда.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото Р.М. (79) и избегал. Неофицијално, убиството се случило во селото Богава, општина Деспотовац, а телата на сопружниците биле пронајдени рано утрово во семејната куќа.
Полицијата е на местото на настанот и во тек е истрага, а пристигнати се и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Јагодина.
Регион
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска, денес изјави дека алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина, откако српскиот лидер Милорад Додик објави дека ќе побара од Москва да ја прекине воената мисија ЕУФОР во таа земја.
Шеќеринска изјави дека НАТО е „трајно посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“.
Таа додаде дека НАТО нема да дозволи дестабилизација во Босна и Херцеговина, соопшти канцеларијата на бошњачкиот член на колективното претседателство на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, кој се сретна со претставничката на НАТО.
„Без оглед на исходот од претстојната седница на Советот за безбедност на ООН, НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина“, рече Шеќеринска.
Регион
Албанска министерка го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење

Министерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Кочиу, го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење во ресторан во САД, објавува „Спутник“.
Таа потврди на социјалните мрежи дека го сторила тоа врз основа на пријавата на албански државјанин кој живее во Њујорк, каде што бил во посета нејзиниот заменик Анди Махила. Како што изјави, тој пушел цигара во ресторанот „што предизвикало немир кај присутните“.
Албана Кочиу е првата жена на чело на полицијата во историјата на Албанија, а во претходната влада беше министерка за здравство.
Фото: принтскрин