Регион
Дачиќ ѝ одговори на Амбасадата на САД: Не го навредив Бенџамин Френклин

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ, за „Спутник“ изјави дека со пораката „Косово е Србија“ не ја уништил банкнотата од 100 долари и не го навредил Бенџамин Френклин, туку постапил целосно во согласност со суштинската идеја на тој голем американски научник и државник.
Амбасата на САД вчера го осуди учеството на Дачиќ во интернет-предизвик, според кој, на банкнота од 100 долари на кирилица е напишана пораката „Косово е Србија“, а на која тој се потпишал.
„Наместо да уништува банкнота со ликот на големиот американски научник и државник Бенџамин Френклин, министерот Дачиќ би можел да размисли за неговата изјава: „Биди во војна со своите пороци, во мир со своите соседи“, навела американската амбасада.
Дачиќ рекол дека Србија секогаш ќе се бори против секоја лажна наркодржава и секогаш ќе тежнее кон мир со своите соседи. Србија никогаш нема да ја третира својата земја како соседна, како што нема да го прави ни Америка. Како што не би правел ни Бенџамин Френклин. Она што го сторив е почит кон универзалниот принцип на сите признати држави, па и САД и Србија“, нагласил Дачиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Уште еден силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во четврток, 5 јуни, во 07:18 часот во Егејското Море, Грција.
Земјотресот беше регистриран на 30 километри од Мирина.
#Earthquake (#σεισμός) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.6 || 30 km NW of #Mýrina (#Greece) || 3 min ago (local time 08:18:38). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/4qdLSErCCL
— EMSC (@LastQuake) June 5, 2025
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 11 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
Регион
Србинка извлечена мртва од морето во Грција, наредена обдукција: детали за ужасот на Халкидик

Седумдесет и тригодишна жена од Србија била извлечена во несвест од морето на полуостровот Касандра во Грција и однесена во болница, каде што била прогласена за мртва, објавија грчките медиуми.
Сè се случило во градот Сивири на Халкидик, популарно одморалиште кај туристите од регионот.
Таа беше извлечена од морето во средата попладне.
Веднаш беше известена Пристанишната управа на Неа Мудања, а 73-годишната жена беше пренесена со амбулантно возило на ЕКАБ во Здравствениот центар во Касандра, каде што беше констатирана смрт.
Вториот оддел на пристаништето Неа Мудања, при Централната пристанишна управа на Солун, која ја спроведува прелиминарната истрага, нареди обдукција во Службата за судска медицина во Солун.
Регион
Тело на Србинка извлечено од морето во Грција

Седумдесет и тригодишна Србинка е пронајдена мртва во морето крај брегот на Касандра, Грција, пренесе српски Телеграф.
Таа е пронајдена во несвест во морето крај брегот на Касандра на Халкидики во среда околу пладне и со брза помош е пренесена во Здравствениот центар во Касандра, каде што е констатирана смрт.
Според информациите, истрагата е во тек, а ќе биде извршена и обдукција, јавува грчката агенција АНА.