Регион
Двојка од Србија крадела во „Луј Витон“ во Милано

Италијанската полиција уапси српски државјанин на возраст од 29 години, кој е осомничен дека се обидел да ја опљачка продавницата со луксузна облека „Луј Витон“ во Милано, во вредност од 16.000 евра. Додека тој е фатен на дело, полицијата сè уште го бара неговиот соучесник.
Маж и жена, од српско потекло, дошле во трговскиот центар „Галерија Виторио Емануеле“, каде што има продавници со брендирана облека. Двојката влегла во познатата продавница на Луј Витон и почнала да ги разгледува работите. По некое време, на обезбедувањето на касарната му станало сомнително однесувањето на српските граѓани бидејќи цело време буричкале по работите“, според италијанските медиуми. Осомничените потоа виделе дека полицијата им е на трага.
Тие сакале да излезат од бутикот, но обезбедувањето ги чекало на вратата. Тогаш Србинот го удрил едниот чувар во лицето и почнал да бега! Двојката веднаш се разделила, но полицајците што беа во близина успеаја да го совладаат Србинот и да го уапсат, а неговиот соучесник успеа да избега, објавија медиумите.
За време на претресот на осомничениот, пронајдена е стока во вредност од 16.000 евра
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.