Регион
Демократијата во Западниот Балкан полоша од пред десет години

Професорот на Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер, рече дека на глобално ниво, особено во земјите од Западен Балкан, постои криза на демократијата, и покрај напорите на земјите за влез во ЕУ.
“Државите на Западниот Балкан не направија голем напредок кога станува збор за демократијата. Реално тие се помалку демократски отколку што беа пред 10 години, што е некако поврзано со појавата на авторитаризмот и сериозното влошување на слободата на медиумите, барем во некои земји. Опозицијата е многу слаба”, рече Бибер .
Тој додаде дека сликата е многу сложена тука, како и механизмите што ги користат владите за да останат на власт, при што сите ги игнорираат основните правила на демократијата.
“Тоа сериозно и се заканува на демократијата во регионот”, рече Бибер.
Професорот Бибер верува дека ЕУ стана помалку атрактивна, бидејќи е опседната со свои кризи, додавајќи дека нејзината сила сепак е многу поголема во земјите од Западен Балкан отколку каде било на друго место во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.