Регион
Дете проголта желад во градинка во Србија, почина во болница

Четиригодишно момче почина синоќа во болница во Ниш поради задушување со предмет, пренесе „Нова.рс“.
„Момче, родено 2018 година, попладнето е примено во многу тешка општа состојба со знаци на тешко оштетување на функцијата на мозокот. Во Ургентниот болнички центар изваден му е туѓ предмет од респираторниот тракт, но, за жал, тоа не ја промени состојбата на пациентот. И покрај сите преземени мерки од повеќе медицински екипи, синоќа настапи смрт“, соопштија од болницата во Ниш.
Обвинителството соопшти дека имало прекин на дишењето и дека повеќе детали ќе бидат познати по обдукцијата.
Поведена е истрага.
Според „Телеграф.рс“, детето се задушило кога проголтало желад од елката во градинката „Чаролија“.
Детето во бесвест со возило на брзата помош било префрлено во болницата во Ниш.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Земјотрес во Црна Гора, почувствуван и во Хрватска: „Беше краток, но силен“

Црна Гора беше погодена од земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала во 11 часот и 52 минути, јавува ЕМСЦ.
Епицентарот бил на 48 километри од Подгорица и 20 километри од Никшиќ.
Според корисниците на EMSC, земјотресот бил почувствуван и во Хрватска и Босна и Херцеговина.
„Кратко, но силно“, коментира жител од Дубровник.
„Многу кратко, но се почувствува“, вели друг жител од областа Дубровник.
Регион
Жена со нож упаднала во основно училиште во Бугарија: ја удрила наставничката во лице

Жена упаднала во основното училиште во Бугарија и нападнала наставничка, јавуваат бугарските медиуми.
Приведена е жена (37) чие дете учи во споменатото училиште. Наставничката се здобила со повреди на лицето.
Според локалните медиуми, осомничената жена влегла во училиштето, извадила нож, замавнала со него, ја навредувала, а потоа ја нападнала наставничката.
Инцидентот веднаш бил пријавен од вработените во училиштето. Полицијата брзо пристигнала на лице место, ја разоружала агресивната мајка и ја привела.
Поради инцидентот во училиштето поведена е истрага, а за се е известено и надлежното Обвинителство.
Се уште не е јасно како дошло до нападот, ниту зошто жената ја нападнала наставничката.
Истрагата за овој инцидент е во тек, според тамошните медиуми.
Регион
Хорор во Хрватска: полицаец десет години ја силувал и ја нудел партнерката на други мажи

Загрепската полиција пријави 45-годишен полицаец осомничен дека десет години сексуално ја злоупотребувал својата вонбрачна партнерка и ја подведувал на руги мажи, меѓу кои и двајца, кои исто така биле пријавени за кривични дела против сексуалната слобода.
Полициската управа (ПУЗ) во Загреб соопшти дека спроведе кривична истрага против полицаецот за повеќе кривични дела против сексуалната слобода и бракот, семејството и децата и против двајца мажи за кривични дела против сексуалната слобода.
Осомничениот полицаец веќе бил отстранет од службата поради сомнение дека сторил тешка повреда на службената должност.
По завршувањето на кривичната истрага, тројцата осомничени се предадени на притворниот надзорник и кривично пријавени во државното обвинителство.
Од полицијата нагласуваат дека не може да соопштат повеќе детали само поради заштита на достоинството на жртвата и секундарната виктимизација, пренесува „Хина“.
Посочуваат дека довербата на жртвата е првиот чекор кон одлуката за пријавување на криминално однесување и дека полицијата секогаш со апострофиран однос на нулта толеранција кон насилството презема мерки и дејства од нивна надлежност.
Според медиумите, сега веќе поранешниот полицаец ја силувал својата вонбрачна партнерка речиси 15 години и ги повикувал своите познајници сексуално да ја нападнат.