Регион
Деца повредени на роденденска забава во Грција: излетал тобоган на надувување, приведени родителите
Четири деца се повредени за време на роденденска забава во Грција кога одлетал тобоган на надувување, а полицијата ги привела родителите што ја организирале забавата.
Во забавен парк во Коропа е организирана детска роденденска забава, но сопственикот ги немал потребните дозволи да постави тобоган. Според грчките медиуми, повредените деца имаат по осум години, а три се пренесени во болница. За среќа, сите поминале со полесни повреди.
Полицијата ги приведе управителите на забавниот парк, како и родителите што ја организираа роденденската забава.
Против две лица е поднесена кривична пријава бидејќи ја попречувале полицијата кога се обидела да го затвори просторот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Тешка сообраќајка кај Загреб, има загинати, пристигна и хеликоптерот на Брзата помош
Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска околу 17 часот на патот меѓу Клоштар Иваниќ и Дубрава.
Според првите информации, во судирот на два автомобили загинало најмалку едно лице, а на повредените им пристигнале пожарникарите и итната медицинска помош од хеликоптер, пренесува порталот Пригорски.хр.
Патот е затворен за сообраќај, а деталите за трагедијата ќе бидат познати по полициската истрага.
Регион
Вучиќ: „Просечната плата во декември ќе биде 900 евра, за само 10 години три пати повеќе“
Српскиот претседател Александар Вучиќ зборуваше од Њујорк и истакна дека просечната плата во Србија во декември ќе биде 900 евра, што е трипати повеќе за 10 години.
„Мораме да притискаме, добро е што се носи ребалансот, наскоро ќе влезе во буџетот, се надевам дека министрите ќе ги намалат апетитите, дека ја имаме стапката на јавниот долг под контрола. Се надевам дека дефицитот нема да надмине три проценти“, додаде Вучиќ.
Вучиќ истакна и дека платите во Србија растат.
Платата на наставниците беше околу 30.000 динари, денес е околу 100.000 динари без надоместоци за стаж и други додатоци“, рече Вучиќ.
Регион
Вучиќ: Разговарав со Илон Маск
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се јави од Њујорк ден откако го одржа говорот на Генералното собрание на ОН.
„Разговарав и со Илон Маск и, се разбира, човекот знаеше се и многу повеќе за Србија отколку што очекував“, рекол Вучиќ, пренесува Нова.рс.
Тој ја коментираше изјавата на претседателот на Партијата за слобода и правда, Драган Ѓилас, кој во собранието рече дека еден пар фармерки на Вучиќ чинат исто колку и платите на двајца учители.
Вучиќ изјави дека се труди да биде пристојно и чисто облечен.
„Секогаш се трудам да се борам за мојата земја и да не покажувам никаква ароганција. Не сум особено богат, освен што имам три прекрасни деца. Се што имам во однос на гардеробата не вреди ни приближно колку еден од десетиците џипови на Драган Ѓилас“, изјави Вучиќ.