Контакт

Регион

„Додик да не оди во Сараево, неговата безбедност е загрозена“, вели негов соработник

Објавено пред

Судењето на водачот на босанските Срби, Милорад Додик, кој е обвинет за непочитување на одлуките на високиот претставник за Босна и Херцеговина, продолжува утре во судот на Босна и Херцеговина, а еден од неговите најблиски соработници денеска го повика Додик „да не оди во Сараево од безбедносни причини“.

dobivaj vesti na viber

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Staša Košarac (@stasa.kosarac)

Министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Сташа Кошарац, кој на оваа функција беше назначен од Додик, во објава на „Инстаграм“ напиша дека мисли оти неговиот партиски лидер не треба да се појавува на судските рочишта затоа што неговата безбедност е наводно загрозена во Сараево.

„Не треба да сте експерт во оваа област за да разберете дека неговата безбедност е загрозена со неговото појавување во судот на Босна и Херцеговина. Сметам дека Додик не треба да се појавува во Сараево, пред сѐ, поради континуирани закани, притисоци, уцени и неверојатната количина говор на омраза и вербалното насилство на социјалните мрежи“, напиша Кошарац, кој исто како и Додик е познат по тоа што не се воздржува од груби зборови и навреди на сметка на политичките неистомисленици.

Регион

Додик му се заблагодари на Трамп

Објавено пред

Од

Поранешниот претседател на Република Српска, Милорад Додик, се огласи откако САД ги укинаа санкциите против него, заблагодарувајќи му се на американскиот претседател Доналд Трамп за исправката, како што тврди, на големата неправда. Тој ја нарече одлуката морална рехабилитација на вистината за Република Српска.

dobivaj vesti na viber

Во објава на социјалните мрежи, Додик му се заблагодари на американскиот претседател Доналд Трамп и неговите соработници за „исправката на големата неправда нанесена врз Република Српска, нејзините претставници и нивните семејства“, која, како што наведува, „ја создадоа администрациите на Обама и Бајден“.

„Одлуката за укинување на санкциите не е само правна, туку и морална рехабилитација на вистината за Република Српска и сите оние кои чесно ѝ служат. Уште еднаш се покажа дека сè што беше кажано против нас беше лага и пропаганда, врз која беше изграден големиот хаос што го создаде Кристијан Шмит – хаос што сега мора да се исчисти“, рече Додик.

Тој додаде дека може да им прости сè на оние кои се фалеле и верувале во туѓите лаги во изминатите години, „освен годините што ги изгубиле затоа што верувале дека Република Српска ќе падне“. „Денес е јасно – таа никогаш нема да падне“, рече Додик.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Регион

САД ги укинаа санкциите за Додик

Објавено пред

Од

САД одлучија да ги укинат санкциите за неколку лица од Република Српска, што е поврзано со неофицијален договор меѓу Милорад Додик и новата американска администрација.

dobivaj vesti na viber

Санкциите беа укинати за Милорад Додик, Жељка Цвијановиќ, семејството Додик, нивните компании и многу други блиски соработници.

Во петок, 17 октомври, САД ги укинаа санкциите за четворица блиски соработници на Додик, кои првично беа ставени на црната листа за организирање и промовирање на неуставниот „Ден на РС“. Тие се Јелена Пајиќ Баштинац, Данијела Драгичевиќ, Горан Раковиќ и Дијана Миланковиќ.

Неофицијални извори тврдат дека укинувањето на санкциите е резултат на договор меѓу САД и Додик, според кој Додик морал да ја напушти функцијата претседател на РС по конечната пресуда и да назначи вршител на должноста претседател.

Откако Ана Тришиќ-Бабиќ беше избрана за вршител на должноста претседател на Република Српска, со што се исполни тој дел од договорот, Америка постепено ги укинува санкциите за другите соработници на Додик, а тој процес треба да биде завршен до крајот на овој месец.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Комбе излета од автопат во Србија: едно дете загина, седум повредени

Објавено пред

Едно дете загина, а седум други се повредени, како и возачот на комбе, во тешка сообраќајна несреќа што се случи околу 3:30 часот наутро на автопатот Нови Сад-Белград, објавија регионалните медиуми во среда.

dobivaj vesti na viber

Детето родено во 2009 година почина на местото на настанот од повредите здобиени во несреќата, објави Радио телевизија Србија (РТС).

Седум други деца, родени помеѓу 2009 и 2012 година, се здобиле со тешки повреди и се пренесени во Детската болница во Нови Сад.

Возачот, исто така, е тешко повреден
Возачот на комбето, маж роден во 1982 година, исто така е тешко повреден и е пренесен во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина.

Несреќата се случила кога комбето во кое се превезувале децата излетало од патот, пробило ограда и паднало во канал, објави Радио телевизија Војводина (РТВ).

фото: архива

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Евроинтеграцијата е дијалог, а не диктат: Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во рамки на учеството на осмиот Париски мировен форум, се обрати на сесијата посветена на младите и...

Македонија7 часа

(Видео) Митева: Јакимовски да објасни како е можно за една година со семејството да стане сопственик на две градежни парцели во најелитниот дел на Карпош, Жданец

„Како е возможно, за период од една календарска година, градоначалникот Јакимовски да се најде во ситуација каде со неговото семејство...

Македонија9 часа

Оставка на Сабахадин Рустеми од „Комунална хигиена“ за да не влијае на истрагата

В.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахадин Рустеми, поднесе оставка од функцијата поради морални причини, соопшти неговиот адвокат...

Македонија10 часа

Царината заплени речиси три илјади парчиња стока: облека со потпис на заштитени трговски марки, алкохол, електронски цигари, автоделови

На граничните премини Блаце, Табановце, Богородица и Ново Село царинските службеници и мобилните тимови запленија речиси три илјади парчиња стока,...

Македонија10 часа

Орце Ѓорѓиевски по дебатата со Мециновиќ: Скопјани сакаат дела и резултати

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од ВМРО–ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, по синоќешната дебата со опонентот од Левица, Амар Мециновиќ, објави...

Македонија10 часа

Мециновиќ по дебатата: Ова е генерациска борба на непривилегираните

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од Левица, Амар Мециновиќ, по вчерашната прва дебата со неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Орце...

Македонија10 часа

Обвинение за смрт на работник: камион паднал во Вардар возејќи на импровизирана патека, возачот останал заробен и починал

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против еден осомничен од Неготино за тешки дела против општата сигурност од член...

Македонија11 часа

Кривична против поранешен директор, заменик-директор и вработени во Агенцијата за храна и ветеринарство за проневера во службата

СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение...

Свет13 часа

Орбан е пред голема дилема: Трамп или руска нафта

Унгарскиот премиер Виктор Орбан се наоѓа во незавидна позиција – притиснат помеѓу неговата зависност од руската нафта и притисокот од...

Европа14 часа

Зеленски даде наредба: Украина почнува да извезува оружје

Украинскиот претседател Володимир Зеленски му нареди на украинското Министерство за одбрана да започне „контролиран извоз“ на украинско оружје во странство...

Свет14 часа

(Видео) Властите на Јамајка предупредуваат: Внимавајте се од крокодили

Јамајканските власти ги предупредија жителите за уште една опасност предизвикана од разорното уништување од ураганот Мелиса – крокодили кои можеби...

Свет15 часа

Северна Кореја лансира крстосувачки ракети: летаа два часа

Северна Кореја тестираше крстосувачки ракети море-земја западно од Корејскиот Полуостров, објави државната новинска агенција KCNA, токму во време кога американскиот...

Свет15 часа

(Видео) Страшниот ураган ја опустоши Јамајка: сега се движи кон Куба станувајќи сè посилен

Екстремнно моќниот ураган Мелиса се движи кон Куба откако ја опустоши Јамајка. Тоа е најсилната бура со која некогаш се...

Македонија1 ден

Еден од министрите, секој ден плаче и праќа пораки по дипломатските претставништва да ми реагираат да престанам до избори да говорам за криминалов, вели Арсовска

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, преку објава на социјалните мрежи го повикува Ислам Абази од Основното јавно обвинителство за организиран...

Македонија1 ден

(Видео) Илјадници пластични шишиња во Вардар, од Министерството за животна средина велат виновни се слабите комунални услуги

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека појавата на пластичен и друг амбалажен отпад во реката Вардар и...

Македонија1 ден

Обвинителството побара притвор за директорот и за управителот на „Комунална хигиена“

Скопското обвинителство побара притвор за в.д. директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Сабахудин Рустеми, и за еден управител за...

Македонија1 ден

Голем е интересот за вакцинацијата против сезонскиот грип, од Здравство велат пријавени се повеќе од 70.000 граѓани

Министерството за здравство информира дека интересот за вакцинација против сезонскиот грип континуирано расте. Досега се пријавени над 70 илјади граѓани,...

Македонија1 ден

Мицкоски: Енергетиката е поставена високо на државната агенда – не како техничко прашање, туку како национален приоритет

Енергетиката е поставена високо на државната агенда, не како техничко прашање, туку како национален приоритети државна стратегија, рече премиерот, Христијан...

Топ2 дена

Во Кавадарци со тесла го убил својот помлад брат на неговиот роденден поради расправија за имот

Обвинителството ги откри мотивите за грозоморното убиство што се случи летово во Кавадарци. Утврдено е дека 43-годишникот го убил својот...

Свет2 дена

(Видео) Јамајка се подготвува за најлошиот ураган во историјата

Три лица веќе загинаа на Јамајка, додека островот се подготвува за најсилната бура во светот оваа година, а можеби и...