Регион
Додик за Шмит: Тој е лажго и измамник

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, изјави дека високиот претставник во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, е лажго и измамник.
„Само измамник и лажго како Кристијан Шмит може да каже дека 9 јануари е создаден поради жртвите. Но, 1 март, кој со муслиманите го слави речиси целиот дипломатски кор, е денот кога во срцето на Сараево во името на Исламската држава на свадбена веселба беше убиен невин Србин, тоа, господине Шмит, е празникот на криминалот и почетокот на крвопролевањето“, напиша Додик на „Твитер“.
Во Република Српска 9 јануари се слави како Ден на Републиката и покрај одлуката на Уставниот суд на Босна и Херцеговина, кој го оспори одбележувањето на тој датум како Ден на РС.
Шмит за регионалната телевизија „Н1“ синоќа изјави дека 9 јануари „практично произлезе од жртвите, товарот што го носат жртвите на Сребреница“.
„Не можам да дозволам тоа да се случи. Тој е претседател на РС, не е претседател на Србите, туку на мултиетничкиот ентитет во Босна и Херцеговина. Ги вклучува и Бошњаците и Хрватите“, рече тој.
Шмит најави дека меѓународната заедница во Босна и Херцеговина во иднина „ќе иницира работи што се направени за луѓето што страдаа од 1991 до 1995 година“.
„Веќе имам некои работи во мојата глава по тоа прашање, нема да попуштиме“, рече тој.
На 9 јануари 1992 година Собранието на српскиот народ во Босна и Херцеговина, во кое беа вклучени српски пратеници избрани на првите повеќепартиски избори во Босна и Херцеговина, усвои декларација, со која се прогласува Република српски народ на Босна и Херцеговина.
Подоцна беше преименувана во Република Српска, пренесе „Денес.рс“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Конечна судска одлука: Додик повеќе не е претседател на Република Српска

Апелациониот совет на Судот на Босна и Херцеговина ја отфрли жалбата на Милорад Додик против одлуката на Централната изборна комисија (ЦИК) со која му беше одземен мандатот на претседател на Република Српска.
Како резултат на тоа, според сараевските медиуми, Додик официјално повеќе не е на таа позиција, а ЦИК е должна да распише предвремени избори за претседател на ентитетот.
Да потсетиме дека ЦИК претходно донесе одлука за прекин на неговиот мандат, но таа можеше да стапи на сила дури откако ќе стане конечна, или потврдена од Апелациониот совет на Судот на БиХ. Денешната одлука конечно утврди дека Додик повеќе не е претседател на Република Српска.
Во образложението на пресудата, Судот наведе дека мандатот на избраниот функционер завршува на денот на правосилност на пресудата со која е осуден на затворска казна од најмалку шест месеци, што во случајот на Додик беше 12 јуни 2025 година, кога беше донесена второстепената пресуда. Судот ги отфрли и тврдењата за ретроактивна примена на законот, нагласувајќи дека пресудата станува правосилна на денот на нејзиното донесување, додека нејзината извршност е поврзана со доставување до странките, што не ги менува правните последици за мандатот.
Фото: ЕПА
Регион
Маж фрли молотов коктел врз Куќата на цвеќето, го фати обезбедувањето

Белградската полиција го уапси 55-гпдишниот Г.М. под сомнение дека фрлил молотов коктел врз Куќата на цвеќето, објави српски Телеграф. По наредба на обвинителството, му е одреден притвор до 48 часа.
Тој е осомничен дека се обидел да го запали Музејот „25 Мај“, местото каде што е погребан поранешниот југословенски претседател Јосип Броз Тито, околу 6 часот утрово.
Човекот е уапсен по интервенцијата на полицијата. Нема повредени.
Пожарот ја оштетил влезната врата од Куќата на цвеќето. Според Телеграф, полицијата била повикана од обезбедувач. Тој пријавил дека еден човек дошол пред Музејот, најверојатно држејќи молотов коктел, и се заканувал дека ќе ја запали зградата.
„Се приближил до зградата и фрлил запалива течност. За среќа, обезбедувачот го фатил и ја повикал полицијата“, пишува Телеграф.
Неофицијално, се дознава дека човекот при апсењето рекол дека сакал да го запали „усташкото гнездо“.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Изгоре луксузна јахта во Будва: сопственикот бил на бродот кога избувнал пожарот

Црногорските противпожарни екипи го изгасија пожарот што избувна на јахта во марината во Будва.
Ова за црногорски „Вијести“ го потврди и раководителот на Службата за заштита и спасување на Будва.
Полициската управа соопшти дека околу 20:15 часот во неделата, полицијата во Будва била известена од сопственикот на јахта закотвена во пристаништето во Будва дека избувнал пожар додека сопственикот бил на бродот.
Јахтата е во сопственост на бизнисменот Б. М., а полицијата објави дека сопственикот на јахтата рекол дека пожарот најверојатно се случил поради дефект.
Пловилото било извлечено од пристаништето откако избувна пожарот кратко по 20 часот, заради безбедност на другите бродови. Седум екипи беа ангажирани за гаснење на пожарот.
фото: принтскрин