Регион
Додик сака да ги депортира сите мигранти од БиХ: Ќе побарам тие да бидат протерани

Српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, изјави дека ќе побара депортација на сите мигранти од земјата, повторувајќи дека властите на ентитетите на Република Српска нема да дозволат тие да се сместат на нивна територија.
„Кога ќе се вратам во Бања Лука, една од основните работи со кои ќе се занимавам се мигрантите. Без двоумење ќе побарам да бидат протерани мигрантите, депортирани од Босна и Херцеговина”, рече Додик во интервју за Радио-телевизија Република Српска во Москва каде што присуствуваше на воена парада по повод 75-годишнината од крајот на Втората светска војна во Европа.
Тој додаде дека е неприфатливо мигрантите да бидат сместени во Република Српска.
„Не можеме да организираме сместување за нив. Тоа е неприфатливо и Република Српска рече дека нема да го дозволи тоа“, рече Додик.
Според него, мигрантите се голем хуманитарен, но и безбедносен проблем.
„Ние не ги повикавме овие мигранти. Европа го отвори овој процес од својот егоизам за да добие евтина работна сила за својата индустрија“.
Според Службата за странци, во БиХ моментно има околу 7.000 мигранти, од кои околу 6.000 се сместени во преполни мигрантски центри. Тие се обидуваат илегално да влезат во Хрватска преку БиХ со цел да продолжат кон земјите на Европската Унија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.