Регион
Додик: Џаферовиќ и Комшиќ и` нанесоа штета на БиХ
Членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ, со недоаѓањето на состанокот со шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, нанесоа штета.
Според српскиот член и претседател на Претседателството, Милорад Додик, тие предизвикале штета на токму она за што формално се залагаат, а тоа е БиХ, која имаше чест да ја посети еден од водечките светски дипломати.
Ваквото однесување на Џаферовиќ и Комшиќ, според Додик, е незрело.
„Она што ќе ми требаше неколку часа да му го објаснам на министерот за надворешни работи на Руската Федерација за БиХ, Комшиќ и Џаферовиќ го покажаа со нивното недоаѓање на состанокот“ рече Додик.
Тој рече дека „сè што имало како забелешка двајцата членови на Претседателството можеле директоно да му се спротивстават на рускиот министер за надворешни работи, на територијата што ја сметаат за своја, но тие не се осмелиле и избрале да се справат со својата нетолеранција кон Руската Федерација со наводни аргументи, што е друго име за дипломатски скандал“.
„Сергеј Лавров многу добро знае дека Република Српска има свои официјални карактеристики, кои ги користи врз основа на уставот и законот. Зошто министерот Лавров би проблематизирал нешто што се потпира на Дејтонскиот мировен договор, за чие почитување се залага Руската Федерација и врз основа на кое постои и БиХ “- праша Додик.
Ако е така, додаде Додик, ставот на Руската Федерација за неопходноста од затворање на институцијата висок претставник е причина за отсуството на членовите на Претседателството, тоа е само скандалозно.
„Не е точно дека министерот за надворешни работи на Руската Федерација се залага за внатрешен суверенитет на БиХ, а двајца членови на Претседателството навиваат БиХ да остане протекторат“, изјави Додик.
Тој изјави дека поради сето тоа нивното отсуство најсликовито ја објаснило длабочината на проблемите со кои се соочува БиХ.
„Ако со ова сакаа да им угодат на бошњачките муслимани, се надевам дека ќе можат да им објаснат зошто БиХ трпи финансиска штета, зошто паѓа бројот на работни места“, рече Додик и праша што ако Руската Федерација одлучи да одговори на овој скандал со намалување на економската соработка.
Тој истакна дека како претседател на Претседателството на БиХ, утрово беше домаќин на шефот на руската дипломатија во Сараево, имаше одличен состанок и додаде дека со нетрпение ја очекува секоја средба со него или кој било висок функционер на оваа пријателска држава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Тензично во Подгорица: приведени осум лица поради напади врз Турци
Црногорската полиција објави дека осум лица се уапсени во Подгорица за кривични дела со елементи на поттикнување национална и верска омраза и насилство.
Исто така, беше кажано дека полицијата ќе користи камери и беспилотни летала за снимање на јавни места со цел документирање кривични дела, а дека вчера во Подгорица се преземени 55 мерки против странци.
Според соопштението, полицијата го идентификувала и по наредба на државниот обвинител во Вишото државно обвинителство во Подгорица, го уапсила П. М. (35) од Подгорица.
Полицијата објави дека постои сомневање дека на 26 октомври, преку своите профили на социјалните мрежи „Инстаграм“ и „Фејсбук“, објавил заканувачка и навредлива порака упатена кон турските граѓани што живеат во Црна Гора, со која поттикнува омраза и нетрпеливост на национална и верска основа.
Geniş Özet: Karadağ’da “Türkü Öldür” sloganları
Karadağ’ın başkenti Podgorica’da geçtiğimiz hafta sonu yaşanan bıçaklama olayının ardından Türk vatandaşlara yönelik saldırılar gerçekleşti. 45 Türk vatandaşı gözaltına alınırken, 8 Türk vatandaşı da sınırdışı edildi. Karadağ… pic.twitter.com/9181ixW80j
— Selâmi Haktan (@slmhktn) October 28, 2025
Поради сомнение дека сториле кривично дело насилно однесување на штета на тројца турски државјани, по наредба на државниот обвинител во Основното државно обвинителство во Подгорица, уапсени се Б. С. (26), Ф. Ѓ. (25) и М. П. (31) од Подгорица.
„Се сомнева дека тие физички нападнале турски државјани во населбата Забјело удирајќи ги со тупаници, со нозе и користејќи палки, а кои на овој начин добиле телесни повреди. При претресот од нивното возило се пронајдени и одземени факли и фантомки“, се вели во соопштението на Полициската управа.
Додаваат дека Т. Б. (24), Б. Б. (22) и Ф. Ј. (18) се уапсени за сторен прекршок од член 7 од Законот за јавниот ред и мир на штета на турски државјанин. Тие се осомничени дека синоќа физички нападнале турски државјанин во населбата Забјело.
Полицијата соопшти дека службеници на Секторот за гранична полиција – инспектори за странци, презеле 55 мерки против странски државјани.
„За време на активностите спроведени на територијата на Подгорица, издадени се 30 прекршочни налози, две лица се насилно отстранети, две се протерани од земјата, а на тројца странски државјани им е откажан престојот“, посочи црногорската полиција.
Пред два дена во подгоричката населба Забјело дојде до физичка пресметка пред угостителски објект, во која едно лице од Подгорица, М. Ј., беше повредено со нож. Полицијата идентификува и приведе две лица – еден турски и еден азербејџански државјанин – поврзани со случајот.
По нападот, следуваа масовни полициски контроли и приведувања – околу 45 турски и азербејџански државјани беа задржани во рамките на проверка на престој и документи, што предизвика реакции и во Турција од страна на државниот врв.
Во вечерните часови некои од граѓаните на Подгорица излегоа на улиците, при што беа забележани ксенофобични скандирања, оштетување возила и дополнителни полициски интервенции.
Регион
(Видео) Се урна дел од таван на пазар во Загреб
Дел од таванот се урна во хала на пазарот „Долац“ во Загреб. Пред влезот има редица муштерии, но на вратата е истакнат предупредувачки знак, а работниците објаснуваат дека халата денес е затворена.
Според информациите на хрватските медиуми, таванот се урнал утрово во левиот дел од пазарот, а влезот е блокиран додека не заврши поправката.
Работниците велат дека штетата треба да се санира до утре.
Регион
Курти: Единствено решение се нови избори
Косовскиот премиер Албин Курти, изјави дека нема друга опција освен одржување нови парламентарни избори, откако неговиот предлог за нова влада не го доби потребното мнозинство во парламентот.
Неговиот предлог бил поддржан од 56 пратеници, а биле потребни најмалку 61.
„Пред секој договор што ја искривува волјата на граѓаните, ние избираме избори. Земјата нема друг пат ниту начин освен нови избори“, изјави Курти.
Тој рече дека Демократскиот сојуз на Косово (ДСK) и Социјалдемократската иницијатива (НИСМА) одбиле да бидат дел од владата што тој ја предлага, и додаде дека тоа ја оневозможило и изборната соработка за изборот на нов претседател на Косово во март идната година.

