Регион
Додик, Џаферовиќ и Комшиќ прогласија победа на изборите во БиХ

Според прелиминарните резултати што ги објави Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина, на изборите за Претседателството на БиХ победија Шефик Џаферовиќ кандидат на најголемата бошњачка партија СДА, Жељко Комшиќ од храватската заедница и Милорад Додик кој во Република Српска го победи неговиот против кандидат Младен Иваниќ.
Одѕивот беше над 53 насто во земјата во која има околу 3,3 милиони гласачи. На изборите не биле забележанипоголеми инциденти.
Милорад Додиќ во трката за српски член на Претседателството на Босна и Херцеговина освои најголем број гласови – 55,15 отсто од гласовите на граѓаните, додека Младен Иваниќ доби 41,98 проценти од гласовите, покажуваат податоците од 43,42 отсто од избирачките места.
Во трката за бошњачкиот член на Претседателството најголем број гласови освои кандидатот на Партијата за демократска акција (СДА), Шефик Џаферовиќ – 37,97 проценти од гласовите, додека хрватскиот претставник Жељко Комшиќ доби над 49 отсто од гласовите.
Претседателот на Централната изборна комисија Бранко Петриќ изјави дека одѕивот на вчерашните избори на ниво на БиХ е 53,56 отсто, додека во Република Српска – над 57 проценти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.