Регион
ДПС со поддршка на малцинската влада, Ѓукановиќ : Поголемиот дел од условите се исполнети
Главниот одбор на Демократската партија на социјалистите (ДПС) ѝ даде поддршка на малцинската влада на Црна Гора, пишуваат медиумите во Црна Гора.
„На вечерашната седница на Главниот одбор, ДПС одлучи да ја поддржи малцинската влада, бидејќи се исполнети повеќето услови што ги побаравме за нејзино формирање“, рече лидерот на ДПС, Мило Ѓукановиќ на прес-конференција по седницата, пренесуваат тамошните гласила.
Тој додаде дека во наредните денови ќе ја информира јавноста за нивните одлуки.
„Друга одлука, која се однесува на претходниот период од две години, е дека ДПС се потврди како патриотска и политичка вертикала на Црна Гора“, кажал тој.
Лидерот на ДПС рекол дека партијата покажала демократски капацитет на 30 август и ги признала изборните резултати.
„Тоа е показател за виталноста на ДПС. Каде се тие што лицитираа дека ќе паднеме на 15% поддршка и ќе доживееме партиска поделба. Рејтингот на ДПС е стабилен. Што стана со плановите за анексија на Црна Гора преку проектот на српскиот свет? Вложиле големи суми пари, но не можеле. ДПС беше премногу тврд орев. Застанавме на нивниот пат кон Цетиње и Никшиќ“, изјави Ѓукановиќ.
Тој додал дека го исполниле ветувањето и ја урнале владата во парламентот.
„Третата порака е дека ова е првиот чекор кон обнова на државно-политичката релевантност. ДПС покажа сила и решителност да се избори надвор од нешто понеповолниот опозициски статус. Ќе продолжиме со овој тренд. ДПС е најтрајната основа на црногорската одбрана на вредностите. Нема дилема дека по следните избори ДПС ќе го заземе местото што и припаѓа“, изјавил Ѓукановиќ, пренесуваат медиумите во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

