Регион
Еврокомесарот Вархели призна дека ЕУ нема решение за Црна Гора

Не е на Европската комисија да зборува за Законот за слобода на вероисповедта, туку секоја земја треба да осмисли сопствен систем во тој дел, рече еврокомесарот за проширување на ЕУ, Оливер Вархели, по средбата со црногорскиот премиер Душко Марковиќ во Подгорица, пренесува „Спутник“.
„Единствениот совет што можам да ви го дадам, а денес ќе се сретнам и со митрополитот Амфилохиј, е следниот: светот ве набљудува зашто ова е важно прашање за сите и заинтересирани сме за дијалог. Јас ги охрабрувам сите на дијалог и на изнаоѓање решение што ќе биде прифатливо за сите,“ порача Вархели.
„Мислам дека тука не можеме да ви помогнеме, но тука сме ако можеме. Приоритет е да се најде решение за тоа прашање“, уште еднаш истакна европскиот комесар.
Вархели, освен со Марковиќ, ќе се сретне и со црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ, како и со претставници на политичките партии, објавија претходно од Европската комисија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.