Регион
Европратениците ја обвинија Хрватска за суровост кон мигрантите

Во остра расправа за хуманитарната ситуација на надворешните граници на ЕУ во Европскиот парламент, европратениците на Зелените и на левичарските партии ја посочија Хрватска за нехумано однесување кон мигрантите на границата со БиХ, пишува српски „Курир“.
Тинеке Стрик од името на групацијата на Зелните во ЕП посочи дека на границите често не се почитуваат правилата на ЕУ и дека тоа, според сведоштвата, особено често се прави на хрватската граница.
Корнелија Ернст од Европската обединета левица/Нордиската зелена левица, рече дека хрватската полиција постапува насилно кон мигрантите.
„Европската гранична политика мора да биде заедничка политика и не може товарот да ѝ се стави само на една Хрватска. Сè што се случува не ѝ дава право на хрватската гранична полиција да ги измачува и тепа мигрантите, да им се заканува со оружје, да им пушта кучиња, да им ги одзема парите, мобилните телефони и сè што имаат вредно“, наведе таа.
Европарламентарецот од редовите на ХДЗ, Томислав Сокол истакна дека на хрватската граница лани биле уапсени 995 криумчари на луѓе и дека можеби таа практика му пречи некому тука.
„Единствените кон кои хрватската полиција е немилосрдна се криумчарите и оние што сакаат да се забогатат на туѓата несреќа. Слушнав многу лаги, а тоа што ги повторувате по илјада пати нема да ги направи вистина“, тврди тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.