Регион
Еди Рама: Косово нема долго да чека на конечно признавање

Премиерот на Албанија, Еди Рама, на заедничката седница на парламентите на Албанија и Косово изјави дека конечното признавање на Косово ќе дојде и дека за тоа нема да чека долго. Рама рече дека верува оти Косово „ќе биде признаено во секој случај во светот“, пренесуваат приштинските медиуми.
Тој во својот говор ги спомена и терористичката ОВК, Демократскиот сојуз на Косово и поранешниот лидер на оваа партија, Ибрахим Ругова, наведувајќи дека без нив „денес не може да се разбере“ и дека Хашим Тачи, кој е обвинет за воени злосторства, бил привремено одвоен од нив.
Во моментот кога Рама почна да зборува, пратениците на Демократската партија ја напуштија собраниската сала каде се одржа заедничка седница по повод 110-годишнината од независноста на Албанија.
Претседателот на Парламентот во Приштина, Гљаук Коњуфца, рече дека „виталните интереси на албанскиот народ полесно ќе бидат заштитени колку што се поблиску Косово и Албанија“.
Тој вели дека денес „ги држи во своите пазуви колективните соништа и заедничките аспирации“ на Албанија и Косово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.