Регион
Работник почина кога се урна ѕид на градилиште во центарот на Белград

Во центарот на Белград утринава се случи несреќа во која животот го загуби едно лице. Имено, како што јавуваат српските медиуми, немилиот настан се случил на градилиште на местото на поранешната амбасада на САД, каде што се урна ѕид и затрупа еден работник, кој почина на самото место.

Фото: Блиц
Веднаш по несреќата е повикана брзата помош, а на местото на несреќата има и голем број пожарникари, како и полициски службеници. Полицијата заедно со јавниот обвинител сè уште врши увид на местото на настанот.
За време на несреќата, како што неофицијално дознаваат тамошните медиуми, на само неколку метри оддалеченост од местото на несреќата бил родениот брат на починатиот работник.

Фото: Блиц
Претставник на компанијата што ја поседувала парцелата во Белград каде што се изведувале градежните активности изрази длабоко жалење за несреќниот настан што се случи утринава.
Од компанијата искажаа и сочувство до семејството на загинатиот работник.

Фото: Блиц
„Заедно со надлежните органи работиме на утврдување на околностите што доведоа до оваа несреќа и поради тоа во овој момент не можеме да ви дадеме попрецизни информации. Ние ќе му бидеме на располагање на семејството за сè што е потребно во овој момент, а јавноста ќе добие подетаљни информации веднаш штом надлежните органи ќе ги утврдат причините“, најавија од компанијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.