Регион
(Видео) Експлозии одекнуваат во Косово – двајца Срби ранети, ситуацијата повторно тензична
Косовската полиција се обиде да ги растера Србите кои протестираат со солзавец за да ги спречи градоначалниците Албанци, избрани на неодамнешните спорни избори, да преземат должност во градовите со мнозинско српско население во северно Косово.
Градоначалниците беа избрани на локалните избори што косовските власти ги одржаа на 23 април во четири општини со мнозинско српско население, кои масовно ги бојкотираа изборите – учествуваа само околу 1.500 гласачи од околу 45.000 пријавени.
Пред општините во моментов нема инциденти, но ситуацијата е тензична, пренесува Спутник.
Како што јави дописникот на РТС, има повредени откако КФОР почнал да ги растерува Србите. Новинар од Танјуг јавува дека бил повреден кога шок бомба му паднала пред нозете. Има болки во ногата и мало крварење и не му била укажана помош“, пренесува Танјуг.
Косово онлајн објави дека двајца Срби се ранети, од кои едниот потешко. Двајцата се префрлени во КБЦ Косовска Митровица.
View this post on Instagram
Пред општинската зграда на Звечан, како и Зубин Поток и Лепосавиќ, има полициски сили на Косово и специјална полиција со шлемови и во целосна борбена опрема.
View this post on Instagram
Помеѓу полицијата и граѓаните се припадници на КФОР во целосна борбена опрема, со штитови, шлемови, маски, панцири.
Во меѓувреме, во американската амбасада во Приштина се одржа средба со новите градоначалници од редовите на ДПК.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.
Регион
Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“
Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен стимулатор. Пред еден месец новата технологија ја примил загрепчанец кој поради Паркинсоновата болест речиси станал неподвижен.
„Поентата на таа електрода е што стимулира дел од мозокот и на тој начин ја подобруваме клиничката слика, а батеријата освен што стимулира, купува и информации од тој дел од мозокот што го стимулираме и на тој начин можеме да ги подобриме симптомите“, изјави неврохирургот Фади Алмахарик за RTL.
Во КБ Дубрава изминативе 24 години се врши длабока мозочна стимулација, но првиот пациент беше опериран со оваа најнова технологија на крајот на март. Станува збор за 67-годишен загрепчанец со Паркинсонова болест, кој сега е пуштен на домашно закрепнување.
„Во договор со неврологот, стимулацијата се вклучува, терапијата се намалува, пациентот веднаш по вклучувањето на стимулацијата покажува знаци на моторно подобрување. Беше отпуштен дома на физикална терапија и дополнително прилагодување на стимулацијата“, изјави неврохирургот Марина Рагуж.
Веднаш штом ги отстранивме шевовите по 10 дена, почнавме со стимулација и денес пациентот може да вози велосипед, да плива, да се врати на своето секојдневие“, вели хирургот.