Регион
ЕП даде зелено светло за визна либерализација на Косово

Европскиот парламент денеска со 420 гласа „за“ го поддржа отворањето преговори за либерализација на визите за граѓаните на Косово. Известувачот за либерализација, пратеничката Тања Фајон, пред почетокот на гласањето рече дека Косово ги исполнило сите услови и ги повика пратениците на ЕП да ја поддржат либерализацијата на визите.
По одлуката на ЕП, треба да почнат разговорите со земјите членки на Европската Унија за во понатамошна постапка, конечно, да се изјаснат министрите за внатрешни работи на членките.
Првично беше предвидено гласањето за визната либерализација на Косово да се одржи во октомври, но некои парламентарни групи побараа да се гласа на заседанието во септември, соопшти Одборот на ЕП за граѓански слободи, правосудство и внатрешни работи.
За усвојување на либерализацијата потребно е мнозинство гласови од министрите за внатрешни работи на ЕУ.
Европската комисија на 18 јули оваа година соопшти дека Косово ги исполнило сите 95 услови и ѝ предложи на ЕУ да го либерализира визниот режим за граѓаните на Косово, која е единствена земја во регионот чии граѓани сè уште не може да патуваат без визи во земјите од шенген-зоната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.